Секоја рачна изработка на членовите на Зур Македонски ракотворби носи со себе приказна, вештина, и драгоцено наследство пренесувано низ генерации.
По тој повод, Зур Македонски ракотворби се приклучи на Деновите за донирање во соработка со Конект.
Настанот ќе се одржи денес, 12 номеври на плоштадот Магнолија, од 10 – 16 часот.
„Ве очекува музика, слатки, солени и млечни производи, ракотворби, текстил, козметика и многу други производи и изненадувања. Поддржи ги и ти овие посветени уметници ракотворци, и помогни да се одржи и негува нашата култура, традицијата и народната уметност. Дојди на саемот на македонски ракотворби, одбери нешто уникатно и по свој вкус, и донирај од срце за чуварките на традицијата!“ порачуваат од ЗУР Македонски ракотворби.