382700573 258417970515428 8161860643748373739 n

Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа Манаки“. Ова издание на фестивалот го донесе прекрасното непознато во седум фестивалски денови. 

Фестивалот секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери. Златна камера 300 годинава жирито им додели на кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“, Сребрена камера 300 на Ченгма Жијуан за филмот „Само реката си тече“, Бронзена камера 300 за Паоло Карнера за филмот „Носталгија“, а посебно признание во главната селекција му е доделено на Наум Доксевски за филмот „Домаќинство за почетници“ со кој беше отворен фестивалот.

Џевахир Шакин и Куршат Уресин се заблагодарија на жирито, режисерката која им ја дала можноста да работат на филмот и на целиот тим до кој работеле. Карнера во видео обраќање се заблагодари на доделената Бронзена камера 300, а Жијуан, кој на сцената ја прими Сребрената камера 300 рече дека во Битола гледал извонреди филмови од извонредни мајстори и за него е неверојатно е дека токму тој ја добил наградата.

Тешко е да се раскаже прекрасното непознато во кратка филмска форма. Краткометражниот филм секогаш е голем предизвик за филмските автори. Жирито во состав: Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта одлучија Мала камера 300 да и се додели на Марта Симоеш, а посебно признание за Стефан Георгиевски за филмот „Мавера“.

На Георгиевски признанието му го додели Питер Бижу, а младиот режисер рече дека е голема чест за него што бил дел од овој фестивал, бидејќи неговиот независно финансиран филм се нашол во друштвото на филмови кои биле на светските филмски фестивали.

-Ова е мотивација за нас, младата генерација филмаџии, подготвена да ги прифати сите предизвици и најважно од се, филмот го гледа со едни искрени очи и љубов, рече Георгиевски.

За доделената Мала камера 300 за краток филм на Симоеш, беше кажано дека во овој филм формата никогаш не ја надминува содржината.

-Ова е сосема неочекувано за мене, посакувам да бев таму со вас за да прославиме, рече Симоеш во видео обраќањето.

За документарниот филм реалноста е секогаш голем предизвик животот да го открие во непозната димензија. За наградата Железна камера 300 за документарен филм одлучуваше жирито во состав: Тамара Котевска, Татјана Крстевски и Самир Карахода. Железна камера 300 жирито и ја додели на Каролин Шампетије за филмот „Човекот во црно“, Железна камера 300 за краток филм ја доби Неритан Зинџирија за филмот „Светло на светлината“, а посебно признание за Тео Монтоја за „Анхел 69“.

-Пред камерата на Каролин Шемпатије, главниот протагонист, виртуозниот композитор, стои соголен и ранлив нудејќи уникатно интензивно сведоштво. Преку мајсторското осветлување и движењето на камерата филмот ни го прикажува портретот на овој човек во неговата целовитост, претставен во стар француски театар длабоко втопувајќи не во внатрешниот свет на композиторот, ја образложи одлуката на жирито Тамара Котевска.

Заблагодарувајќи се за доделеното признание Шампетије рече дека воопшто не очекувала награда.

-Прв пат доаѓам овде и би кажала дека прекрасно е да се работи со режисери кои ни ја враќаат вербата во филмската уметност и не тераат да одиме напред, рече Шампетије.

Зинџерија, пак, со видео порака им се обрати на присутните заблагодарувајќи се особено на жирито бидејќи избрале филм кој има специфично авторство.

За Фестивалотс важен сегмент е студентската програма, односно филмската иднина. Од оваа година студентската програма е со натпреварувачки карактер, со селекција на филмови од најдобрите европски филмски академии. Жирито во состав: Анастас Мичос, Бранд Фери и Нил Јанг, Кристалната камера 300 и ја додели на Хелена Фикерова, а посебно признание за кинематограферот кој многу ветува,  Давид Бајерски за филмот „Воскресение“.

-Добитничката на наградата покажува импресивна вештина во контролата и користењето на природната светлина. Работејќи во рамка на пригушени тонови оваа кинематограферка покажува високо ниво на техничка умешност со осветлувањето и користењето на објективите, вешто прикажувајќи ги променливите емоционални состојби во филмот, истакна Анастас Мичос, претседател на жирито на студентската програма.

Фикерова се заблагодари и рече дека не очекувала награда бидејќи изминативе денови погледнала многу филмови кои биле прекрасни, а за Бајерски рече дека ова е посебно признание и чест што неговиот филм бил прикажан на фестивалот каде што се слави филмската камера.

Директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски рече дека формалноста од отворањето на фестивалот, во текот на овие денови полека се распаднала и веќе сите почнуваме да стануваме една фамилија.

-Во потрага по прекрасното непознато создадовме фестивал каков што Битола и Македонија, би сакале, требале и морале да имаат. После 44 години макотрпна и трпелива работа на сите кои сме биле дел од овој фестивал и сите кои со својата работа исполниле барем еден дел од фестивалскиот мозаик, се надевам, можеме да кажеме дека „Браќа Манаки“ е светски фестивал кој ги чествува кинематограферите и многу важен дел од културниот идентитет на Македонија, рече Дамевски и на крајот отпеа песна со која ги покани сите гости следната година повторно да дојдат во Битола.

Специјалната награда Камера 300 на кинематограферот Шејмус Мекгарви му ја додели Претседателот Стево Пендаровски, кој свечено го затвори фестивалот.

-Многу сум возбуден, добив прекрасна награда. Многу ми е мило што го открив фестивалот „Браќа Манаки“ бидејќи претставува една вистинска прослава на филмот. Имаше прекрасна атмосфера и повторно ќе дојдам и следната година, рече Мекгарви заблагодарувајќи се на доделеното признание.

Претседателот Пендаровски во обраќањето по повод свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ рече дека го радува фактот што токму филмската уметност секогаш успева да опстои дури и во најпредизвикувачки услови.

-Филмската уметност секогаш им пркоси на сите општествени и економски контексти кои не се сосема благопријатни за креативното изразување. Токму затоа на последниот ден на најстариот фестивал на филмската камера во светот „Браќа Манаки“ би сакал да им честитам на организаторите на истрајност, а на лауреатите за сите досегашни и идни успеси, рече Пендаровски.

По доделувањето на наградите и свеченото затворање следуваше проекцијата на филмот „Лена и Владимир“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…