Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кое во годината која изминува одбележа 55 години од своето постоење во соработка со Националната Установа – Центар за култура „Марко Цепенков” во Прилеп по 10-ти пат ќе ја реализира изложбата на дела од светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”.
Настанот воедно е и одбележување на 45 годишнината од добивањето на државната награда „Свети Климент Охридски” на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2O21 ] како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието и образованието како и сегментите на култура и уметност.
Изложбата свечено беше отворена на пладне во Ликовната галерија при НУ- ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп а ќе биде достапна за јавноста следните 2О дена.
На свеченото отворање претседателот на Управниот одбор на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола истакна:
“”Мал Битолски Монмартр” e големина која се мери со факти. Затоа и повикот кон младата популација која има ликовен талент или желба за неформално ликовно образование тоа да го направи час поскоро. Талентот бара макотрпна работа за светски признат успех на вашата професионалност што пак нас не прави особено горди ако се знае дека скоро и да нема образовна установа во светот и тоа од оние од претшколска возраст па се до професори на ликовните академии а кои не биле дел од “Мал Битолски Монмартр” a во моментов најмладиот наш член има 4 години. Особено чест ми е и што 10-тата изложба што ја имаме со НУ – ЦК “Марко Цепенков” овде во Прилеп е во година кога одбележуваме 55 години од работењето на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола но е и на 2 дена од големиот празник Свети Климент Охридски со што одбележуваме и 45 годишнината од добивањето на државната награда “Свети Климент Охридски” во 1978 година [ востановена 1969 година ] на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски а наш основач како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието и образованието како сегментите на култура и уметноста. Нема овие информации ве поттикнат да останете доследни на својот ликовен талент и продолжите да творите затоа што уметноста е безвременски процес но и универзален амбасадор – посветен промотор на сопствената држава и вас лично – без разлика колку таа го препознава или не тој чин.” – истакна Славчо Неделковски.
На изложбата се поставени 3О дела од минатите изданија на “Мал Битолски Монмартр” од ученици од 2О држави.
„Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ е основано во 1968 година како визија која низ годините преминала во основна мисија на идејниот творец – ликовниот педагог Коста Хаџи- Антоновски. Почнувајќи од 1981 година Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ е организатор и реализатор на 2-те најголеми детски ликовни Манифестации на глобално ниво. Светската детска ликовна изложба “Битола” на чиј конкурс во текот на една календарска година се пријавуваат над 80 држави со околу 45.OOO детски ликовни творби од над 35.OOO ученици од над 8OO приватни и државни школи. Оваа манифестација свечено се отвора секој 23-ти мај за тековната година и трае како поставка до следната година. Со над 2.OOO.OOO детски ликовни цртежи од постоењето на оваа Манифестација, истата во 1995, 1996 и 1997 година три пати е заведена во Гинисовата книга на рекорди како најобемна по пристигнатите изложени дела. Малиот Битолски Монмартр на покана на ИОК е редовен гостин на Олимписките игри од 2ООО година како промотор на уметноста. Бил на шест Олимпијади без прекин и тоа во: Атина – Сиднеј – Пекинг – Лондон – Рио Де Женеиро и Токио. Во 2О24 година е гостин на Олимписките и Параолимписки игри во Париз – Франција.
Мал Битолски Монмартр како светска детска ликовна колонија исто така без прекин се реализира од 1981 година и е засебно првата светска детска ликовна колонија од која никнале сите останати како колониите во Хонг Конг – Кина; Пиатра Неамт – Романија; Белград – Србија; Евора – Португалија; Пловдив и Софија – Бугарија … Мал Битолски Монмартр традиционално се отвора секоја година на 23-ти мај во очи патрониот празник на Светите браќа Кирил и Методиј и трае се до 3O-ти мај при што во седум дена се реализираат и ликовни еднодневни каравани до Охрид – Вевчани – Крушево – битолското село Буково и 1.000 годишниот Манастир “Свети Јован Бигорски”. На оваа манифестација секоја година творат учесници од целиот свет a се канат 25 до 3О делегации од исто толку држави во тимови од професори и ученици кои формираат цифра од 12О до 2ОО учесници, при што за седум колониски дена на тема староградска и урбана архитектура се создаваат околу 500 детски ликовни дела.
Од своето основање манифестацијата ја посетиле над 8.OOO ученици од целиот свет, кои оставиле фонд од над 25.5OO ликовни уметнички дела. Низ Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола поминале над 5.5OO ученици – млади ликовни уметници кои бесплатно се едуцираат во објектот во кој е сместена и единствената Детска ликовна галерија на Балканот “Монмартр”. Само за школската 2O23/2O24 година во студиото членуваат над 120 ученици.” – истакна во историографскиот и фактографски осврт претседателката на ДЛС – Елена Хаџи-Антоновска.
Хаџи-Антоновска која е ќерка на Коста Хаџи-Антоновски и 3О години е дел од организацијата воедно го најави и мотото на Манифестациите за 2О24 година:
„Дефинитивно ќе е година на Франција – Париз – Троа – Олимписките и параолимписките игри во Париз – Монмартр и решивме да го има “потписот” на мојот татко па 2О24 година ќе е насловена и како “9О-ка за Коки” во чест на неговиот роден ден затоа што на 22-ри мај 2О24 година ќе направеше 89 години, а на Свеченото отворање на 23-ти мај ќе имаше 89 години и еден ден што за нас е доволна симболика и емотивно и професионално.”