IMG 8174

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6. јуни 2025 година, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.

Програмата ќе понуди богата уметничка содржина. Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го пренесе далматинската женска клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Публиката ќе има можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од авторката др.сц. Блага Петрески од Сплит, како и настапот на учениците од Државното музичко училиште – Битола како специјални гости. Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Во текот на изминатите години Хрватскиот културен центар од Битола, воспостави соработка со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, беше иницијатор на неколку збратимувања со општини и КУД-ови, ги одбележа сите позначајни празници и датуми на РХ, организираше гостувања на актери, музичари, КУД-ови, групи, делегации од Македонија во Хрватска и обратно, се со цел збогатување на културниот мозаик на Битола, како и поголема соработка на двете пријателски земји.

Настанот е организиран во соработка со Културно-информативниот центар Битола, Општина Битола, Државното музичко училиште, Сплитско Далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…