„Наставничке Ве сакаме”. Вака во паркот ја пречекаа својата наставничка Јасмина Ортаковска, учениците од 5-1 одделение од ОУ „Тодор Ангелевски” Битола.
Моменти полни со емоции, солзи, среќа и многу прегратки. Никој не можеше да ги сокрие емоциите во себе. 22 пораки за најсаканата наставничка со која се збогуваа на крајот од оваа учебна година за нивното заедничко патешествие.
Со забава во градскиот парк, торта и дружба си споделија сеќавања за изминатите 5 години поминати заедно.
Токму вакви моменти не потсетуваат дека образованието не е само пренесување знаење, туку создавање љубов, доверба и спомени за цел живот.
Фото: Саше Богоевски


















Најромантичните зимски филмови за студени вечери
Зимата е годишно време создадено за топло ќебе, шолја чај или топло …
Научници открија неочекувана причина за висок крвен притисок: Не е поврзана со стресот ниту со килограмите
Високиот крвен притисок долго време се поврзуваше со стресот, прекумерната тежина и …









