maja butin

Пишува: Маја Богоевска

Кога ќе се спомне зборот роб или ропство, сликата која се појавува пред мене се окови метални кои на испуканите раце направиле модри кругови, луѓе со внатрешен плач, со згрчен израз на лицето, со огромна желба за слобода, да се биде независен, да се има сопствено јас, сопствен живот, без некој да те поседува и да управува со твојот живот.

Но, ако мислите дека ропството изумрело, се лажете. Сега има една поинаква форма. Овие модерни, „слободни“ времиња, донесоа новo ропство. Само што овие робови имаат ментални окови кои самите си ги ставиле. И знаете што? Убаво им е. Тие се среќни робови со заробен ум. Не е важно кому слугуваат. Битно сликани се со нивните вештачки насмевки. И избелени заби. Perfect profile picture for Facebook. #nofilter

Среќни се затоа што немаат свое јас, затоа што слепо го следат она што општеството, околината, партијата им го наметнале. Немаат свое мислење за ништо, а ако го имаат, не го кажуваат затоа што – што ќе кажат луѓето? Ако го кажат своето мислење, ќе излезат од својата удобна зона на конформизам која дава толку убедливо чувство на среќа. Прифаќаат понижување, не се борат. Не влегуваат во дискусија, за да не кажат нешто погрешно. И онака дискусијата и како поим и како форма одамна е изумрена. Битно на сметката си се множат бројките.

Жалосно, но средината диктира што е среќа. Ако таа наметнува дека забавите, лудувањето, неконтролираното конзумирање алкохол значи дека сте среќни, тоа мора да го правите. И секако, да има доказ за тоа на социјалните мрежи, бидејќи, нели, таму е сега животот. Се идолизираат личности кои се дават во сопствените гревови, ама знаеле многу луѓе, имале „топ“ постови…Кулминација на суета, дволичност, неморал, алчност… Изговорот познат: Еднаш се живее. Не. Еднаш се умира. А секој ден се живее.

Поверодостојна слика на среќни робови нема од онаа кога по улица гледате жени и мажи кои се исти. Исти! Како да се правени во ист калап. Да не можеш да препознаеш кој е кој. Робови на мода, на модни брендови, на скапи коли, на ботокс, робови на слава, престиж… Го замислувате нивниот згрозен поглед ако помине некој кој „дели“ од нивните стандарди. Чудак! Нема постирано ниту една слика, ццц…гарант нема живот…

Тешко е да се раскинат менталните синџири зашто тие веќе сраснале со мозочните вијуги. Прво треба да станете свесни дека ги имате. Не мора да се камуфлирате во средината за да се чувствувате прифатени. И што ако не сте прифатени? Треба да живеете за другите и нивното мислење или за Вас? Се познавате ли себеси кои сте? Што сакате?

Светот не стигна доттука ако сите си ќутеа мирно претопени и изгубени во толпата. Сега сите чекаме на некој друг да се бори за правата на сите. Оти на некој пола фамилија му ја вработиле, на друг тендерот му го дале, на трет од партијата така му рекле, четвртиот вели: ми дава работа брат, то е…

Вистина е дека секој си го избира својот пат. И ако некој сака да биде нечиј поданик, нека биде. Но, сето тоа како колатерална штета ќе се одрази на нашата иднина. Кога нема луѓе кои се гласни, храбри и размислуваат поинаку, ќе чекаме само да го допреме дното. А дали повторно ќе се искачиме нагоре, зависи дали ќе сакаме да ги раскинеме менталните синџири.

Ми се смеат дека сум поинаков, а јас им се смеам ним зашто сите се исти. Курт Кобејн

SURVIVOR KIDS Авантура #1: Предизвик оган – Илустрирана книга за деца која ги учи како да реагираат при пожар
Оваа целосно илустрирана книга е создадена од родители за родители, со цел …
Воведение на Пресвета Богородица во ерусалимскиот Храм
Еден од големите Богородични празници е и празнувањето на споменот на Воведението …
meblo trejd stupcina
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…