Место каде душата може да го најде својот мир и спокој, место каде птиците посилно пеат, место каде секој може да си ги пронајде своите мисли длабоко во себеси…чудотворната моќ на ова место секој може да ја доживее на свој начин…

309610833 488434433327663 7450294549853740934 n

Во срцето на Националниот парк Пелистер, среде букова шума, на надморска висина од 1400 метри и на 2 километри од селото Маловиште, се наоѓа манастирот посветен на мајката на Пресвета Богородица, Света Ана. Постојат извори кои сведочат за неговото постоење уште во средината на 18 век. Денешната црква, пак, е изградена во 1936 година, додека конаците, во повеќе наврати, биле градени во дваесеттиот век.

ана

Секој 7 август ова место е исполнето со верници од Битола, Ресен, но и од други места во Македонија, славејќи го Успението на Света Ана. Во манастирскиот комплекс доаѓаат сите добронамерници кои сакаат да и се помолат на Св. Ана, да и оддадат почит, но и да се освежат и уживаат во единствената природна убавина која ја нуди ова место.

ана

Во овој манастир доаѓаат и многу брачни парови кои немаат деца. Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови на  6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души. Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.

07.08 – Успение на Света Ана

Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 22 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието.

Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…