0 02 05 00278146151e2d557eccc8f5ce05295cea85d1a78f2f9fe1f345ece10a2cdcd6 865047727877ef8c

Излезе од печат првата книга посветена на Слепченскиот скрипториум со наслов:
ЦРКОВНОТО КНИЖЕВНО НАСЛЕДСТВО НА СЛЕПЧЕНСКИОТ МАНАСТИР “СВ. ЈОВАН ПРЕТЕЧА” – АКАДЕМИК ЃОРЃИ ПОП-АТАНАСОВ.

Во неа, од страна на академикот Ѓорѓи Поп-Атанасов е направена археографска презентација со факсимили на голем дел на ракописните книги пишувани во најзначајниот и најбогатиот скрипториум на Охридската архиепископија.
Овој труд содржи 14 поглавја во кои се опфатени повеќе векови творештво, од најстарите сочувани Слепченски ракописи, пергаментни и хартиени ракописи, Слепченски поменици, ракописите од поедини слепченски книжевници како Висарион, Пахомиј, Матеј, Сисој и др. до ракописи од XVII век, и старопечатни црковни книги.

0 02 05 bfc60e4f55f0d654056c36adf762daf00507fb365ba0dc9ff845494230cc1a1e c8bb12ccada708fd

“Сето ова црковно книжевно наследство ќе биде претставено во ова мошне значајно, репрезентативно издание, со што ќе се даде значаен придонес за афирмација на Слепченскиот Манастир како духовен, книжевен и уметнички центар. Од особена важност е што во минатото Слепченската света обител била ставропигијален манастир на Охридската архиепископија и во неговиот скрипториум се пишувани црковни книги за потребите на соборната црква во Охрид, порачувани од Охридскиот архиепископ.” – вели во рецензијата проф. д-р. Лилјана Макаријоска дописен член на МАНУ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…