sara vozduh

Три децении дишеме отров, исто толку време градиме труло општество. Надвор смрди на нашата себичност, бидејќи сите ние го дишеме истиот воздух.

Во минатото, впрочем и сега воздухот е односно треба да биде основата на животот, но во современиот свет сè почесто станува причина за сериозни здравствени проблеми. Пред некое време прочитав една мисла на новинарка од Шпанија која ја коментираше состојбата со загадувањето на воздухот во нејзината земја која е дупло по чиста од нашата односно не би можела да ја споредам, и тоа гласеше вака „Загадениот воздух не е само невидлива опасност – тој е отров кој тихо и упорно го нарушува здравјето на милиони луѓе.“. Си реков, ако во Шпанија е загадено што е со нас, тука на Балканот..

Тука кај нас, каде што индустријата, сообраќајот и недоволната грижа за животната средина создаваат густ чад, воздухот е како непознат непријател што не го гледаме, но го чувствуваме на секој здив. И додека ние се жалиме на умор и главоболки, неговото токсично влијание полека ни ја краде енергијата, здравјето и иднината. Се гушевме преку зима сега и сред лето. Проблемот не е само во тоа што воздухот е загаден, туку и во нашата неможност и нерешителност да се соочиме со вистината. Се правиме дека не гледаме, дека не слушаме, дека нема потреба да се менуваме. Но, секој здив е повик за акција за да го зачуваме животот на нас и на идните генерации. Без чист воздух, нема здравје, нема развој, нема иднина. Време е да го прекинеме овој тивок злостор, да ги отвориме очите и да преземеме одговорност. А таа одговорност полека ќе ја сносиме сите, бидејќи ние сме творци на ова општество, труло е заради сите нас!

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува: Биљана Котевска Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…