Колку пати ви се случило некој да ве повреди или изненади со подлост, а вие да останете без зборови, збунети и без реакција? Во такви моменти сите очекуваат дека ќе возвратите, ќе се браните или дури ќе се одмаздите. Но вистинската сила често лежи во нешто сосема спротивно – во молкот.
Молкот не е слабост. Тој е свесна одлука да не дозволите туѓата злоба да ве вовлече во вртлог на бес и бесмислени кавги. Со молчењето го чувате сопственото достоинство и внатрешен мир.
Ако молчите, толку повеќе ги збунувате оние што сакале да ве вознемират или да ве испровоцираат. Почнуваат да се прашуваат што планирате, да бараат знаци…
Оној што постапил подло знае дека згрешил. Затоа и очекува драма, расправии и одмазда. Но кога ќе наиде на достоинствен молк, неговата совест почнува сама да го гризе.
Мудрите луѓе не се спуштаат на нивото на оние што ги повредиле. Тие не ја трошат својата енергија на непотребни конфликти. А најмудрите воопшто не реагираат – продолжуваат да живеат мирно и среќно, верни на себе и својата радост.
Најсилниот одговор е молкот – кој говори погласно од сè друго.








