b 1 jan

„За да постигне човек среќа, нека си вети дека ништо не ќе слуша, ништо не ќе гледа и дека ништо не ќе допре“.

Секоја нова година ѝ дава можност на гасеницата да се претвори во прекрасна пеперутка или одново и одново да се раѓа додека не го достигне својот максимум.

Што е максимумот? Свесно да прифати гасеницата дека само таа самата е одговорна кога и во каква пеперутка ќе метаморфозира. Според некои неформални истражувања, надворешните влијанија се само правно издржан аргумент за неуспех. Тука сме за да се обидуваме до последниот миг – за да успееме да се метаморфозираме, небитно колку сме уморни, колку нѐ гази системската чизма.  Запомнете во оној миг, кога ќе прифатиме дека сме го достигнале максимумот во животот – сме изгубиле. Не сме создадени да бидеме просечни – туку да станеме најдобра верзија од себеси.

blue morpho 784979 1280

Знаете ли колкумина од нас последната седмица од старата година, воочи највеселите празници ја поминаа низ болничките ходници со не толку уредни наоди…

Ја обожувам фразата „Прифати ја дијагнозата, не прогнозата“, што значи – да се продолжи да се чекори цврсто, да се продолжи да се сака животот со сите негови вкусови.

Старата година нѐ раздели со луѓе со кои знаевме дека кога –тогаш мора да се разделиме, но никогаш не сме подготвени за вакви разделби, особено кога нивното отсуство е од ден во ден е сѐ  поприсутно и не може никој да ги замени- затоа што имаа нешто посебно во нив – автентичност.

Првата асоцијација која ми паѓа на ум – кога ќе се спомене декември и новогодишната еуфорија е Моцартовиот реквием. Владее едно колективно лудило – се трошат пари кои најчесто се дефицит, се глуми блискост која не постои… т.е се сеќавате на библискиот момент кога Мојсеј отиде за да ги земе Божјите  десет заповеди, а долу народов не знаејќи што со себе, од нетрпение почна да прави златно теле т.е лажен Бог.

Мораме да престанеме да живееме во минатото и како нација и како индивидуалци. Мораме да чекориме напред. Кукањето, лелекањето и празните паничења никому не му донеле бериќет, освен терапија без дијагноза.

Минатата година ми беше чудесна – најмногу научив од тие што мислев дека ме сакаат, најмногу ме сакаат оние кои ни во еден миг не ми се замешаа во животот, туку ме оставија рает.

Мора да сфатите дека човек нема избор, зошто ако би имал избор би избрал да биде несреќен – бесмислено – но, и тагата доаѓа со моќни лекции – тогаш човек најмногу се спознава, така што ниедно чувство не е незначајно…чудни се патиштата до раѓањето на пеперутката.

Имајте трпение, за сѐ има точно определено време – ниеден од нас не е без причина дојден во светов. Да, не можеме да уживаме во сечие присуство, но не мора да го отежнуваме.

Вистински ги сакаме само оние кои ги сакаме дури и во нивната немоќ и во нивната беда. Да се чува, да се простува, да се теши, тоа е сета уметност на љубовта.

Велат дека животот е борба, јас сум уверена дека борбата е уметност, а уметноста е живот – дишете дека сакате да живеете, а не од биолошка навика. Вашата среќа е и моја среќа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…