Пелагонското село Црнобуки е вистински бедем на христијанството. Минатата година беше изграден 10 метарски крст пред храмот „Св. Димитрија“.

Оваа година е поставена и божиќна пештера спроти најрадосниот празник за православните христијани, раѓањето на Господ Исус Христос – Божик. 

320530439 477702454302644 2070690115536559518 n

Божикната пештера на мештаните им ја подари Епископот Антаниски г. Партениј од Бигорскиот манастир.

На својата територија има три православни храма: централно е изградена веќе споменатата црква „Св. Димитрија“ изградена 1866 година. Под  селото , сместено на ритчето се наоѓа манастирот „Св. Атанасиј“ кој бил осветен во 1984 година, а во изградба е уште еден манастир посветен на Вознесението Христово „Св. Спас“.

црнобуки 5

Црно Буки е оддалечено од Битола 10 километри. Таму живеат околу 300 жители.

црнобуки 4

Ова македонско село е вистински конгломерат на македонски обележја.

црнобуки 3

Во Црнобуки има повеќе археолошки локалитети кои се неми сведоци на развојот на животот од најрана доба: од железно доба, антички период, римски период, неолитско и бакарно време.

Неофицијално, некои археолози во ареалот на Црнобуки  го лоцираат градот на царот Персеј, син на Филип V – Персеида, како доказ се зема мозаичниот камен кој е најден во атарот на селото. 

црнобуки 6

Селото одигрално значајна револуционерна улога за време на отоманскиот период и Првата светска војна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…