Радован П. Цветковски

Радован П. Цветковски (1931 -2022) беше особено созерцителна личност кога станува збор за македонскиот јазик и книжевност. Во текот на неговиот живот, освен како учител по македонски јазик, тој се занимаваше со собирачка дејност, есеистика, поезија, проза, лингвстика.

Во македонската култура ќе остане запаметен како исклучителен познавач на македонскиот јазик,  ученик кој пошол по патот на учителот (Блаже Конески) и македонската народна книжевност, па така собра огромен фонд на сказанија од демирхисарскиот крај и го состави Речникот на демирхисарскиот говор, дела кои покрај богатото творештво и уметничко и научно се  негово значајно обележје и се од огромна важност за македонскиот јазик.

Радован П. Цветковски младите поети ги поучуваше со зборовите: „Песната треба да има приказна“.

Радован П. Цветковски

На 23 јануари 2022 година, замина кај својата Гале, љубовта од училишната клупа со која створи дом и семејство, оставајќи аманет: чувајте ми го македонскиот јазик.

Сонето претчувство

Се забат

планините над нас

и лошо гласат

во погледот.

Јас и ти секој

на својот превалец –

ни одваму

ни оттаму.

Реката улавечки го урива

нашиот брег.

Господе, што да сторам,

Како да ти подадам рака?

Се обидувам

да ти викнам…

и ете викам, викам…

Ти одмавнуваш со рака…

Ми се пристори

како да рече –

нека го, дотука било

и се испразни сонот сосе погледот,

сосе превалецот –

јас одваму

ти оттаму.

Камен

Каменот е ништо

Надвор од рацете на човекот.

Кршлив е ко времето,

Кршлив е ко човекот.

И ништо не е непроменливо –

и човекот и каменот.

Каменот само рацете на човекот

ја менува формата –

во камен темелник,

во камен крст,

во камен споменик,

во плоча на гроб.

Човекот во прегратка со каменот

станува мајстор над мајсторите,

станува скулптор на скулпторите –

човек познат во линијатана делото

кој, испикувајќи се во дагите негови –

и на каменот и на времето,

живее тој вечно во делото.

Биди подалеку од мене

Колку сум потаму

до тебе,

толку сакам

да сум подалеку

од тебе.

Два животи

и две умирања нема,

а без едно не се може, не.

Во тоа е големината,

не во облеката.

Животот е колку еден чекор

но каде поблизу –

до тебе или до мене,

до смртта и војната

во ова време на неразбирање.

Радован П. Цветковски

На оваа интернет врска е поставена  тв емисија во која  гостуваше писателот Радован П. Цветковски: https://www.youtube.com/watch?v=Zi69pJncMVY

Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…