karate1

На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, кое се одржа на 19.04.2026 година во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир – Скопје, учествуваа 426 натпреварувачи од 57 клубови од Македонија.

Карате клубот „Заншин До“ од Битола настапи во девет категории и освои два сребрени медали, со што обезбеди и пласман на Балканското првенство кое ќе се одржи од 29 до 31 мај 2026 година во Истанбул, Турција.

карте 2 e1776851386888

Со сребрен медал се закитија:

  • Николај Петковски – кумите (-45 кг), машки, 2016 годиште
  • Јована Јовановиќ, Бојана Бошкова и Стела Ризова – ката тим, женски (2015–2016 годиште)

На Балканското првенство во Истанбул, Битола ќе ја претставуваат Николај Петковски (2016) и Бојана Бошкова (2015).

Ова е особено значаен успех, бидејќи за првпат по повеќе од 15 години, деца од Битола ќе настапат на Балканско првенство за деца.

карате 3 e1776851419631

На првенството, како селектор на репрезентацијата на Македонија во кати (У12 и У14), ќе го предводам националниот тим, во кој ќе бидат вклучени и каратистите од КК „Заншин До“ – Битола.

Светиот пророк Илија – симбол на верата, силата и Божјата правда
На 2 август, православната црква го празнува споменот на светиот славен пророк …
Зајдисонце – момент кој носи чувство на спокојство и размислување
Во изгрејсонцето уживаат само ранобудните и ја нема секој таа можност во …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…