Оваа година НУУБ „Св. Климент Охридски“ слави 78 години од нејзиното основање. По тој повод започнуваа со низа активности.
Со торта и подароци, роденденот на библиотеката беше прославен заедно со децата, родителите и професорките од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во Битола.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски по повод роденденот на библиотеката им подели на учениците материјали за работа им посака да учат и дека библиотеката ќе биде нивен сојузник преку вклучување во различни активности на библиотеката, се со цел да им се олесни процесот на образование.
„Со искрени желби пеевме, другарувавме и се забавувавме со нашите нови другарчиња. Библиотеката веќе започна со реализирање на проектот „Забавни креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ одобрен од Министерството за култура во кој се вклучени децата од ова училиште“, велат од битолската библиотека.