384342725 719817550187232 6571978179729877955 n

Директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски оствари средба со претседателот на македонското друштво „Пелистер“ Мариан Бошевски и Александар Дамев – член на управниот одбор од Трелеборг, Шведска.

На средбата се разговараше за заеднички активности, кои имаат за цел зачувување на македонскиот јазик кај нашите сограѓани кои моментално живеат и работат во Шведска. Македонското друштво „Пелистер“ од Трелеборг постои 53 години.

Исто така се зборуваше за збогатување на книжниот фонд на библиотеката во Трелеборг, која моментално располага со мал фонд на книги кои се со застарена тематика.

Зачувувањето на јазикот е од многу важно значење за иднината на младите кои родните огништа ги напуштаат од различни причини.

Библиотеката и македонското здружение „Пелистер“ во иднина планираат различни активности за зачувување и популаризација на македонскиот јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…