Шејмус Мекгарви nas

Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки”, денеска во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња.

-Пораснав во мал град во Обединетото Кралство, во католичко семејство. Отсекогаш обичното го гледав појасно, а обичното, според мене, е врвно. Сакам да гледам пејсажи, луѓе, и мојата инспирација доаѓа оттаму. Доаѓам од земја каде што немаше многу сончева светлина. Во последните 13 години живеам во Тоскана, Италија. Порано бев целиот облечен во црно, сакав темни бои, но сега погледнете, сум обоен, носам сино, носам жолто. Имав среќа да имам наставник по уметност, кој е брилијантен. Многу цртав и фотографирав. Тој ми рече, „Ти треба да правиш филмови”. И почнав да правам куси филмови со малата камера која ја користев, раскажа Мекгарви.

384470308 351785287273855 2913907631279605933 n

Откако се запишал и завршил училиште за филм во Лондон, никој не сакал да го вработи, за почнал да работи како сликар и декоратер. Подоцна, сфатил дека не сака да го работи тоа целиот свој живот.

-Моќта која ја носи човек во себе на сет, може да направи лесно да се направат нештата спектакуларни. Осмозата на креативност е прекрасно да се види, а која произлегува од линкот меѓу кинематограферот и режисерот. Многу учев од своите грешки во работата. Учев да снимам, да експериментирам, рече кинематограферот.

Публиката имаше можност да погледне сцени од легендарните „Ана Каренина”, „Лоши времиња”, „Атонемент” и „Ноќни животни”. Зборувајќи за филмот „Ноќни животни “, Мекгарви кажа дека Том Форд е најголемиот човек кој го има запознаено во својот живот.

384481282 1026234695243261 7249618910117396044 n

-Беше предизвикувачки да се снима додека долго возат автомобили по пат. Тој филм има тешка тема, две жени беа убиени. Но тоа е Том Форд, тој беше одличен и најприземјен режисер со кој некогаш имам работено. Би сакал да работам пак со него, мислам дека е е подготвен за нов филм. Би сакал да видам уште еден негов филм зашто тој е извонреден, кажа Мекгарви.

Тој е два пати е номиниран за „Оскар” за најдобра фотографија за „Покајание” (2007) и за „Ана Каренина” (2012). Два пати ја добил наградата на Британското друштво на кинематографери (BSC) за „Ана Каренина” и за „Ноќни животни” (режија Том Форд) и четири пати е номиниран за наградата БАФТА. Во 2004 година е награден со „Лимиер” медал за придонес во уметноста на кинематографијата, кој го доделува британското Кралско фотографско друштво.

-Јас сум патолошки среќен. Но не мислам дека ние, кинематограферите треба да бидеме харизматични и насмеани. Јас познавам колеги кои не се такви, а се брилијантни во својата работа.

Во однос на тоа, дали е подобро да се работи на телевизиска серија или на филм, тој кажа дека не гледа разлика.

384506072 285060160972888 2479207078561068312 n

-Кога и да дојдеш на сет, тоа е подарок. Не гледам разлика меѓу ТВ и филм, истата сензибилност е, истото е. Ако не сме овде да раскажуваме приказни, тогаш во што е поентата? Моите родители ми кажуваа приказна кога одев на спиење, ги измислуваа. Мајка ми ми велеше, ти кажи ги ликовите, а јас ќе ти раскажам приказна, додаде кинематогрaферот. 

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…