На ден 25.8.2022, директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски и директорката на Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“, проф. д-р. Гордана Ристевска Димитровска потпишаа меморандум за соработка.

На средбата се разговараше за активности кои ќе ги спроведат двете установи во наредниот период. Како прва активност е планорано нашата Библиотека да донира книги со што ќе се креира мини библиотека во рамки на „Дом Софија“. Книгите се посебен вид на терапија (библиотерапија), која е особено значајна и кај лицата од третата доба.

301518679 10160309947013679 2754766414665397883 n

Преку низа интерактивни активности кои се планирани во наредниот период, лицата кои се сместени во овој дом ќе имаат можност да уживаат и да се дружат со голем број на книги. Исто така планирани се активности во кои лицата од оваа установа ќе бидат и самите вклучени во реализација на истите. Преку читање и заедничко творење нашата библиотека секогаш е во служба на сите категории на граѓани.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

    Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…