8512394541064340383

Македонскиот независен филм „Te dua жими мене” спаѓа во жанрот на комедии, а премиерно веќе беше прикажан пред битолската публиката.

Режијата на филмот ја потпишува: Марјан Гавриловски, а сценариото е на Никола Кузелов.

Во филмот учествува актерската екипа составена од:  Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.Филмот е снимен во 2019 година, но премиерно е прикажан годинава.

„Te dua жими мене” е филм кој не може да биде едноставно раскажан, па, ако е гледа по вертикална линија филмот е социјална комедија, која изобилува со црн хумор, на моменти  свесниот гледач може да се случи да се „крсти” каде живее и какво е всушност неговото секојдневие, бидејќи е прикажана бесконечната транзиција и нејзините последици чии белези ги носи секоја генерација од 90-тите наваму на Балканот, за на крај да има целосно изгубени генерации кои имаат огромна потреба од вистинска љубов, небитно каква е религиозната и етничка припадност – сите делиме исто небо.

„Te dua жими мене”  е уште една светла точка во македонската современа кинематографија и филмска индустрија, дека се може ако се сака. Топло го препорачувам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…