371509589 279136348455971 7003909561478127801 n

Сите битолчани, љубители на уметноста, ќе имаат прилика на 06.11. во понеделник од 20 часот во Народен Театар Битола, да присуствуваат на премиерното издание на музичко – танцовиот перформанс ,,Иновација” на Анастасија Центар.

363571776 1758742667881682 1202613583848289052 n

Кореографија, режија и музика потпишува Стефанија Милевска Враниќ, а нејзини музички соработници се: Павел Талевски/ тапани, Владимир Враниќ/ гитара. Танцов перформанс, во кој земаат учество млади и возрасни танчери, музичари и изведувачи на возраст од 16 – 65 години.: Екатерина Мицевска, Глориа Петковска, Сања Лазаревска, Стефанија Милевска Враниќ, Наташа Апостоловска, Анастасија Зулевска, Бојана Артиновска, Павел Талевски, Јован Ристевски. Дизајн на фотографија прави: Александар Петровски.

368069691 1290127405718801 8122934518363208365 n

Резервирајте ги вашите билети на време на тел.: 070/477-786. Цена на билети: 150ден.

Настанот е во рамките на програмата по повод „4ти Ноември“, денот на ослободувањето на Битола. Проектот е поддржан од Општина Битола.

***
Танцовиот перформанс е паралела на два света, кои според емоционалната зрелост и искуство се тотално далечни, а поврзани се редоследно еден по друг. Мотивот е филозофија на животот и неговите вредности.
Паралела на битолски животни приказни, на луѓе кои функционираат, творат и живеат во Битола, место кое е посебно на свој начин.
Свет на возрасни и на млади кои веќе преминуваат во светот на ворасните и имаат безброј неодговорени прашања, за кои возрасните веќе го имаат одговорот, но ја загубиле смислата.
Кога е душата среќна и исполнета? Каков свет оставаат возрасните за младите? Дали тој свет ги воспитува на вистински вредности или на површност и оттуѓеност, пред се оттуѓеност од сопствената душа?
Кога живееш во своето родно место, го правиш тоа што навистина го сакаш и имаш инспирација да твориш, да создаваш и да се радуваш на животот.
На тој начин поврзан со својот корен, со својата душа, ти создаваш иновации. Иновации кои се рефлектираат надалеку и вибрираат додека не постигнат промени во денешното живеење.
Каде се наоѓа иновацијата? Кај младите или возрасните?
Дали сеуште постојат иноватори?
Да го подобриме светот во кој живееме, започнувајќи од себе, пренесувајќи на другите, учејќи ги младите, разбирајќи ги возрасните. Да започнеме од домот свој, од градот свој, од земјата своја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…