Планинарката Ана Котевска, член на ПСК „Копанки“ од Битола продолжува со освојувањето на висините. Таа беше дел од експедицијата која на 9 август го искачи врвот Дамаванд во Иран, на висина од 5671 метри надморска височина, кој е највисокиот стратовулкан во Азија. Покрај овој врв, тие искачија уште три врва, Пашуре, Алборт и Голе Зард кои ги користеа како тренинг и аклиматизација.

„Стартувавме со искачување на врвот Голе Зард 3706м, за почеток средно тежок терен за совладување, претежно карпест и сув терен. За време на искачувањето на првите три врва како базен камп ја користевме куќата на Менсур, од таму со теренски возила патувавме до стартните точки. За разлика од Голе Зард, другите два врва Алборт и Пашуре изобилуваа со реки потоци и зеленила. Веднаш по извршената аклиматизација на трите врва го стартувавме искачувањето на врвот Дамаванд. Почетна точка ни беше Џамијата на 3200м, од таму имавме 4ч. активно пешачење до базниот камп 2, на висина од 4200м.

298237698 397544132480366 4636386555426124360 n

Базниот камп 2 го користевме скоро 4 дена, спиевме во шатори и сите останати активности, подготовка на храна, ручек, вечера, состаноците ги правевме во шаторите. По програма искачувањето на врвот беше планирано да биде на 10.08, но на тие висини и на планина временската пргноза го диктира планот, па поради влошување на истата, и можност од појава на грмотевици, свесно и самоволно сите согласно, ја скративме аклиматизацијата и врвот го искачивме на 09.08 по 10:30 часот по локално време. Сите учесници успешно и без проблеми се искачивме и спуштивме од врвот.

Останатото време во кампот го искористивме за одмор и прослава на успехот. Она што ќе остане во сеќавање покрај успешното искачување на Дамаванд, се културата, гостопримството и добрината на локалното население.

Кога се искачувате во зоната над 5000 мнв, за да не дојде до поголеми проблеми и компликации по здравјето, според мене клучни елементи се добра психолошка подготвеност и правилна хидратација. На ова искачување не ни беше потребно користење на дополнителен кислород и се помина во најдобар ред“, вели Ана и за другата година најавува искачување на уште повисоки врвови.

Таа е задоволна, заедно со групата од успехот кој го постигнаа и оставрената цел.
Експедицијата беше предводена од Тодорче Горгиев од ПК Азот – Велес, а во истата покрај Ана, учествуваа Драги Павловски од ПСК Димитар Илиевски – Мурато; Никола Гелов – Кавадарци; Сунчица Арсовска, Богољуб Перовски, Виктор Ананиев – Скопје, а дел од екипата беа и два локални водичи, Ашкан и Акхбар.

Прочитајте го и интервјуто на Ана за Читај бе.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

    Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

    Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

    Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…