Дали знаете каков е погледот од 6263 метри надморска височина? Ние не знаеме, но Ана Котевска ни го долови чувството и чистиот поглед кон убавините на Андите. Последниот подвиг на Ана, говори за нејзината голема љубов кон планината. Искачени четири врвови на Еквадорските Анди, а меѓу нив и тој, Чимборазо, кој мерен од центарот на Земјата е најодалечената точка. Ана првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри, а самота бројка по себе има голема тежина и мистичност. Поразговаравме и кога се јави нејзината љубов кон планината – каде ако не на Пелистер и Баба. Вели, третманот кон Баба и НП Пелистер мора да се подобри и вели дека би сакала еден ден да прочита како Баба планина и Пелистер се пример за Национален парк и пример во заштитата на природата и природните богатства. Ни открива и колку врвови и планини има искачено и погледот од кој врв е најубав.

1 Rucu Pichinca 01
АНА на РукУ Пичинча

Читај бе: Ана, најнапред кажи ни за твојот скорешен подвиг. Освои четири врвови во Еквадор, а последниот е најодалечената точка од центарот на Земјата. Како дојде идејата да ја минете скоро половина Земјина топка? Зошто баш овие врвови?

Ана: Да, искачувавме четири врва на планинскиот венец Анди, сите четири врвови се на Еквадорските Анди, а меѓу искачените врвови е и Чимборазо, мерејќи од центарот на Земјата, најоддалечената точка. А зошто баш овие врвови…едноставно сакав да се запознаам со Јужна Америка, природните убавини, убавините и предизвиците кои ги нудат вулканските врвови и културата и традициите на еквадорските племиња, кои потекнуваат од Инките.

Читај бе: Со колку луѓе во експедицијата се искачувавте? Колку време претходно се подготвуваше со оглед на тоа дека е потребна огромна физичка подготовка?

Ана: Експедицијата ни беше составена од 5 учесници, тројца од Скопје, Боро, Јани и Кире, еден Србин и јас, битолчанка 🙂  Во однос на подготовките во планинарењето, високогорството и алпинизмот нема временски период на подготовки, нема од – до. Јас конкретно со подготовки за високогорство започнав во 2017 година, од тогаш па се до денес постојано си правам подготовки, како физички така и психолошки подготовки, кои на тие висини се можеби и најпотребните.

Читај бе: Како е да бидеш на 6263 метри надморска височина? Колку беше температурата, какво беше времето? Каков е погледот од Чимборазо?

Ана: Ова е мое прво искуство на висина над 6000 метри, самата бројка предизвикувачки звучи, со голема тежина и мистичност. На планина, а и на таа висина, многу-многу не се очекува да имаме идеална температура, овој пат за разлика од претходните три врва, на Чимборазо имавме чист поглед пријатна температура и конечно планината ни дозволи да ги видиме андските, вулкански убавини.

Читај бе: Дали искачувањето на сите 4 врвови помина во ред? Имавте ли некои предизвици кои мораше да ги надминете?

Ана: Сите четири врвови си имаа различна тежина и предизвик. Сите со различен карактер и убавина. Предизвик овој пат беше лошата временска прогноза на првите три врва, а нормално и самите врвови и планина, си имаат своја тежина, која всушност е таа која не предизвикува и ни дозволува или не ни дозволува да ја поминеме и да се искачиме на врвот. Планините и врвовите не ги освојуваме, тие само ни дозволуваат да ги искачиме, овозможувајќи ни да се надминеме самите себеси и да ги поместиме нашите препреки и подвизи.

Читај бе: Ана, малку за тебе. Кога прв пат се искачи на планина? Кога и каде беше тоа и дали се сеќаваш на момонтот? Како се роди љубовта кон планината?

Ана: Со планината првото запознавање ми беше кога бев основно училиште, тогаш не носеа организирано на викенд во Детското одморалиште. Имавме различни активности, од сите класови и одделенија, се дружевме и запознававме со природата и убавините на Баба планина, и можам да кажам дека тие денови никогаш нема да ги заборавам, едни од поубавите ми беа 🙂  Ова денес што го правам е многу поразлично од тоа, но љубовта почнува од тогаш.

6 Pelister 01

Читај бе: Каде е Пелистер во твоето срце? Колку често се искачуваш до Антена и воопшто планинариш низ Баба? Што најмногу сакаш на Пелистер и дали мислиш дека го има третманот кој го заслужува?

Ана: Пелистер, Крчин, па сите останати врвови и планини 🙂 За мојот успех досега, како во искачувањето така и во секојдневните предизвици и животни препреки, најзаслужни се Баба планина и Пелистер, ги посетувам најмалку два пати во неделата, останатото слободно време го користам за да посетам други врвови како на Баба планина така и на другите планини во Македонија. Едноставно сите подготовки ги правам на Баба планина. И кога ќе ме прашаат што толку Баба планина и Пелистер, едноставно не знам како да ви одговорам, така тоа го чувствувам, убаво ми е таму. И немам нешто што би издвоила како посебна убавина.
 За третманот на самата планина и Националниот парк од страна на поединците, посетители, планинари, љубители на природата – да знаат да ја почитуваат и да ја заштитуваат природата, се разбира секогаш ќе има некој кој се дели од таа група, но се надевам согледувајќи се на околината брзо се променуваат. Третманот од институциите и надлежните за Националните паркови, би го издвоила како недоволен, некако Баба планина и НП Пелистер како да ги забораваат, заостануваат во годишните планови и активности, и сé останува само како ветување на хартија. Би сакала еден ден да прочитам како Баба планина и Пелистер се пример за Национален парк и пример во заштитата на природата и природните богатства.

Читај бе: Колку врвови и планини имаш досега искачено и освоено? Во колку земји?

Ана: Покрај врвовите на Македонските планини, тие сепак се најпосетуваните и искачените, сум била и на неколку надвор од Македонија. Арарат 5,137м во Турција; Елбрус 5,642 во Русија; Балканските врвови Митикас,Вихрен Мусала; и сега последните на Анди – Руку Пичинча 4,784м; Илиница Норте 5,126м; Котопакси 5,897м и Чимборазо 6,263м.

Читај бе: Која планина и кој поглед досега ти има оставено најубав впечаток?

Ана: Најубав поглед досега ми има оставено Кавказ како планина и врвот Елбрус, тука би ги издвоила и погледите кои ги нудат врвовите: Рибничка Скала на Кораб; Голем Крчин на Крчин; Црн Камен на Јабланица; Кобилица, Плат и Караниколичко езеро на Шар Планина…

Читај бе: И за на крај. Која е твојата најголема желба, кој врв сакаш да го освоиш, а досега не си успеала?

Ана: Желбата…па не знам, не размислувам многу за што понатаму и како, едноставно убав ми е предизвикот што го имаат планините. Јас ова прашање би го искористила да се заблагодарам на некои луѓе за кои сметам дека имаат посебно место во искачувањето на врвовите и мојот личен успех и би сакала да бидат напишани и така запаметени, а тоа се Семејството (Маре, Златко, Христијан и баба Цецка), Фам. Костоски, тетка ми Е.З и тетка ми К.М, другарите, вработените во Антенскиот предавател на Пелистер, Ѓока, сите планинари од ПЕГ „Турни ме да кинисам“ и планинарите од битолските, тетовските, гостиварските, скопските клубови со кои сме оделе и одиме да ги посетуваме убавнините на планина и правиме незаборавни дружби.

5 Elbrus 03

    Интервју со Стефан Јузмески, стујард во „Emirates airlines“ – следете ги вашите соништа бидејќи ќе ви се исполнат
    Стефан Јузмески од Охрид своето кариерно искуство како стујард во една од …
    20 млади од различна етничка припадност танцуваа, готвеа и учеа за другите култури – проект на ЕРЦ Соработка Битола
    Во текот на месец март Здружението за поттикнување на економскиот и културен …

    meblo trejd masina za prskanje

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…