Кристиан Стојани, првиот член од возобновувањето на АК ОЛИМП, денес победи на Kiel Lauf 2022, улична трка организирана во градот Кил со три трки 5К, 10К и 21К.

304978805 1218236972059189 8362902523349325912 n

Кристијан, кој во моментот живее во Германија, но сѐ уште е член на АК Олимп, носејќи го дресот на својот драг клуб, денес победи на 5К трката со резултат 17:35.

304791255 643700393715428 3653033129644200740 n

„Трката беше тактичка, заради нагорнините кои ги имаше до 3-тиот километар, потоа гужвата се разби и борбата за позиција беше непредвидлива со самиот финиш на трката. Задоволен сум од резултатот, а и целиот настан беше одлично организиран. Ве следев на социјалните медиуми како одеше ТРЧАЈ БЕ годинава и можам само едно да кажам дека нашата битолска трка е одлично организиран спортски настан кој комотно може да се спореди со вакви градски трки организирани во услови на една Германија” – рече Кристиан Стојани соопштувајќи ја оваа одлична вест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…