На државното сениорско првенство кое се одржа на 4 април 2026 година во ОУ „Крсте Мисирков“ во Скопје, Карате клубот „Заншин до“ од Битола се закити со сребрен медал во дисциплината ката тим мажи.
Тимот настапи во состав: Александра Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски. Иако составен од јуниори, битолскиот тим достојно ја претстави Битола во сениорска конкуренција и уште еднаш покажа дека битолските каратисти се меѓу најдобрите.

Овој успех е само најава за успешна сезона. Веќе на 18 април 2026 година ќе се одржи државното првенство за деца, на кое КК „Заншин до“ – Битола ќе настапи со седум натпреварувачи и ќе се бори за пласман на Балканското првенство.

Учење од тешките ситуации и надеж кон иднината – четири карактеристики на отпорните (стабилни) личности
Отпорна (стабилна) личност значи повеќе отколку да се има силна личност. Вистинската …
Овие 10 намирници ги чистат крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања
Покрај правилниот избор на храна, за здраво срце подеднакво се важни и …








