Велигден е празник кој го поминуваме во кругот на најблиските. Покрај веселиот дух, силните религиозни пораки и семејните традиции кои ги негува, овој празник е омилен и кај гурманите поради разновидната трпеза која нуди многу вкусни јадења.

Сепак, велигденската трпеза покрај јајцата, со кои започнува секој оброк, е незамислива без познатата Мимоза салата.

Што ви е потребно:

  •     4 компири со средна големина   
  • 4 тврдо варени јајца
  • 200 гр шунка
  • 300 гр сирење
  • 2 чаши кисела павлака
  • 100 гр мајонез
  • Зачини по вкус

Подготовка

Сварете ги компирите заедно со лушпата. Откако ќе се сварат, нека се оладат па излупете ги. Сварете ги јајцата и изладени излупете ги.

Во сад измешајте павлака и мајонез, па посолете по вкус.

Земете сад во кој ќе ја наредите салатата и премачкајте ја со преливот од павлака и мајонез.

Додадете ги ренданите компири и покријте ги со слој прели. Потоа додадете ја ренданата шунка и исто така премачкајте ја со тенок слој од прелив. Потоа додадете рендани јајца и исто така премачкајте со прелив, па додадете сирење.

Повторете го процесот на редење уште еднаш и додајте уште малку сирење до самиот врв.

Добро изладете ја салатата и уживајте во освежителниот вкус.

Солениот десерт во форма на колач ќе биде вистинско ремек дело и омилено јадење на вашата трпеза, па затоа, доколку веќе не е, овој рецепт мора да стане составен дел од вашето традиционално празнично мени.

meblo trejd lajsni
jk tunis

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…