stefe

Битола ова лето ќе биде центар на електронската музика, откако организаторите на фестивалот „Bitola Calling 2026“ го најавија настапот на светската диџеј ѕвезда Steve Aoki, кој за првпат доаѓа во градот.

Настанот ќе се одржи на 2 август на Градскиот стадион, со порака до публиката: „Каде и да си – на 2 август, во Битола да си!“

По минатогодишниот спектакл со Armin van Buuren, фестивалот продолжува со уште едно звучно име од светската електронска сцена. Steve Aoki важи за еден од најенергичните и најбараните диџеи на денешницата, познат по своите динамични настапи и интеракцијата со публиката.

Неговите настапи се препознатливи по уникатното аудио-визуелно шоу и легендарните „cake throwing“ моменти, а зад себе има настапи на најголемите светски фестивали како Tomorrowland, Ultra, Coachella и Untold.

Aoki е носител и на Гинисов рекорд за најдолг аплауз од публика, а неговата кариера е обележана со бројни хит-соработки со имиња како will.i.am, Backstreet Boys, Blink-182, Afrojack, Vini Vici и Linkin Park. Со милијарди стримови и високи позиции на DJ Mag листата, тој важи за уметник кој не ги следи трендовите – туку ги создава.

Влезниците за настанот ќе бидат пуштени во продажба од 17 април (петок) во 10:00 часот, онлајн преку avalonbooking.mk, како и во продажната мрежа на karti.com.mk и ДИМПО тобако низ Македонија.

Цените се:

  • Партер – 1.500 денари
  • Фан пит – 2.000 денари
  • Ограничен број ВИП пакети

Организаторите најавуваат уште едно незаборавно издание на фестивалот, со кое Битола повторно ќе се најде на мапата на големите музички настани во регионот.

На 1 и 2 август – сите патишта водат кон Битола.

stefe 1
Фестивалско финале на летото во Будва: EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition со светски ѕвезди и бесплатен влез
Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем го предводат големото фестивалско финале на летото, …
Преподобен Серафим Саровски: Болестите се јавуваат од 3 причини
Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…