beautiful 2910260 1280

Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да ве омаловажи.

Станете толку самосвесни што критиките или погрешните проценки повеќе нема да влијаат на вас. Заштитете се од секој кој се обидува да направи да се чувствувате како да не сте важни. Работете на тоа да станете личност која луѓето едноставно не можат да ја скршат.

Личноста од која токсичните луѓе се откажуваат затоа што не можат да манипулираат со неа. Бидете толку сигурни во себе што кога некој ќе ве разочара или повреди – не го сфаќате тоа лично. Не го сфаќајте тоа лично. Никогаш не претпоставувајте автоматски дека нешто е ваша вина. Бидете пољубезни и понежни кон себе за дури и кога луѓето не го покажуваат тоа, да не мислите дека сте помалку вредни.

Не се повлекувајте во вашата школка затоа што не се чувствувате сакани или ценети. Покажете се уште повеќе заради себе. Му покажувате на светот кои сте навистина. Не ви е гајле ако не ја видат вашата вредност.

say yes to the live 2121044 1280

Бидете толку сигурни во себе што кога луѓето се обидуваат да манипулираат со вас, да не паѓате на нивните манипулации. Не дозволувате да влијаат на вас и не се преправајте дека не разбирате што се случува. Не плашете се да се соочите со луѓето и да поставувате граници. Не плашете се да побарате почит, искреност или одговори. Станете личност која си е важна самата себе, не само кога ви е погодено, туку секој ден. Не сте дошле толку далеку за да се откажете од себе. Не треба да се преиспитувате или да се сомневате во моментот кога некој ќе ве „понижи“ или ќе ве натера да се чувствувате дека не заслужувате љубов, успех, среќа или нешто за што тој некој чувствува дека не сте способни.

self confidence 2076793 1280

Бидете толку сигурни во себе што кога некој ќе се обиде да го урне она што сте се обидувале да го изградите или она кон на сте работеле, на крајот ќе удри во камен ѕид. Направете си безбеден простор во кој никој не може да се инфилтрира. Заштитете се од секој кој ќе се обиде да ви каже дека не сте способни да направите нешто, бидејќи таквите луѓе можат да ве парализираат и да ви го уништат животот доколку станете лесна мета на нивните очекувања и нивните зборови. Тие имаат моќ да ве натераат да се премислите само за да ја избегнете нивната драма или конфликт. Тие имаат моќ да ве спречат да правите нешто што го сакате или да преземете голем ризик само затоа што самите не можат да го направат тоа. Тргнете им ја таа моќ.

Станете толку безгрижни така што луѓето веќе нема да имаат никаква моќ над вас.

Каде може да одите на летен одмор во октомври по поволни цени?!
Кога ќе дојде септември оние кои веќе биле на одмор размислуваат за …
Едно од најздравите овошја – неговите семки, овошје и лисја се лековити
Поради изобилството на витамини и минерали, ова растение зазема значајно место во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…