FB IMG 1675153766919

Се повеќе деца имаат проблем со говорот.Состојбата може лесно да се подобри ако едноставно им читаме и им прераскажуваме приказни. Со читањето им се развива говорот, фантазијата, а со раскажување и тие почнуваат побрзо да спојуваат зборови и да кажуваат реченици.

FB IMG 1675153773034

Затоа Битолската Библиотеката им излегува во пресрет на сите родители и деца, од бебиња до пред поаѓање на училиште за бесплатно зачленување во нашата библиотека.

Детето го учи јазикот преку слушањето и гледањето на оној кој што зборува. На детето треба постојано да му се зборува и да се гледа во очи додека му се зборува, да му се читаат приказни, а при тоа да се опишуваат и сликите во сликовниците на јасен и разбирлив говор.

FB IMG 1675154086912

Децата ги сакаат приказните. Бидејќи тие покажуваат интерес за нив, треба да се искористат за развивање на нивниот говор, богатење на речникот и формирање на правилна реченична структура. Со самото кажување на приказните децата се навикнуваат внимателно да слушаат, а со тоа им се дава и пример на говорно излагање за едно доживување или предмет.

FB IMG 1675153783603

Покрај тоа, приказните позитивно влијаат на детската фантазија, мислење, внимание и чувствува. Тука треба да се земат во предвид два момента: што ќе им се зборува на децата и како ќе им се зборува, односно изборот на приказните и начинот на кажување на истите.Ве очекуваме.

Потребно е присуство на родител со документ за лична идентификација.

Четири типа енергетски вампири и како да се заштитите од нив
Секој, барем еднаш во животот, бил жртва на емоционален, енергетски вампир. Тоа …
Подемот на вело-градовите: Како урбаното планирање го поттикнува возењето велосипед
Градовите ширум светот стануваат сè попријателски за велосипеди, бидејќи урбанистите и креаторите …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…