Добре Тодоровски

Студеното зимско време е причина плус, во една прекрасна зимска атмосфера, да се дружиме со книгата и еден од најчитаните битолски писатели – Добре Тодоровски.

Тодоровски е прозаист кој досега има објавено над 25 дела сите со свој засебен уметничко – книжевен сензибилитет. Неговите романи оставаат голем белег во македонската книжевност бидејќи повеќето од нив се темел на истражувачка работа и со единствен стил на изразување и пишување.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола постојано е активна во промоцијата на македонските, особено на битолските писатели особено последниов период и е за огромна пофалба, бидејќи се нагласува главниот примат на нашиот град Битола – културата.

naslovna biblioteka 1

Гордана Ѓорѓиевска – Неделковски, библиотекар во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола оствари книжевна средба, или по битолски кажано – на кафе и книга со писателот Тодоровски.

„За своите први запишани зборови писателот Добре Tодоровски ни раскажа една интересна случка од детството. Понесен од емоции и случките, детските соништа, првите симпатии, некаде во седмо, осмо одделение случките од детството ги преточува во прозни записи, од кои произлегува неговиот прв роман за деца „Бакарни огнови“. Текстот е пишуван во тетратка и не е објавен. Негов прв обид за пишување роман добил пофални зборови од учителот по македонски јазик, што било и потврда дека начинот на пишување ќе го истакнат и во иднина ќе го окарактеризираат неговиот стил на пишување. Во средно училиште (Центарот за воени школи во Сараево) пишува и поезија во која преовладува љубовта и хумористиката, а во исто време објавува текстови во тогашните неделни весници за млади кои беа многу популарни и читани од тогашната југословенска младина. Во 1981 година почнува да пишува повторно роман, кој по својата самокритичност никогаш не го објавува.

Писателот Тодоровски ни раскажа: „Додека бев млад и почетник во пишувањето, голем поттик ми даде писателот Саме Лимани Жерновски, во осумдесеттите години афирмиран поет. Тогаш бев на служба во граничната единица во Дебар и имав можност да се запознаам и дружам со писателот Жерновски. Како вработен во Армијата, долги години бев дописник за Армиските весници, а подоцна објавував кратки текстови со хумористична содржина за „Одбрана“ и „Армиски збор“.

328633801 1321562295243156 5611906154899698174 n

Секогаш е добро кога нечија дарба ќе биде препознаена и поддржана.

Неговиот прв роман „Сивилото на одот“, го пишува повеќе години, а излегува дури 1998 година. Во текот на негово творештво најголем поддржувач, критичар и најискрен пријател во пишаниот збор е писателот Радован П. Цветковски чии зборови секогаш му се потсетници во творењетои во животот.

Покрај десетината романи Тодоровски има издадено и книга поезија, збирка куси раскази (поезија во проза), неколку драми и монодрами. Но, сепак романите се она по што неговото име ќе биде забележано во историјата на македонската книжевност. Неговите романи се оригинални според јазичниот израз, влече инспирација од настани и луѓе од македонското поднебје, така доловува неповторлива книжевна содржина. Тодоровски се занимава со теми од човековото живеење на овие простори, односно пренесени се тематски содржини кои се примамливи за читање, реални и поучни.

Кога го запрашавме за неговите дела, тој имаше приказна за секое од нив. За трагикомедијата во ликот на нашиот човек во драмите и монодрамите. За „Последниот монах“  и „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“ ни посочи дека се дела со кои се чувствува најисполнет. Романот „Прокоба“ со поинаква, друга димензија, каде преовладува психолошката состојба на ликовите, љубовта и омразата во заплетот на дејствието. 

Според издавачката куќа „Матица Македонска“ од Скопје, тука е неговата најпродавана и најчитана книга за 2020 и 2021 година, романот „Сестра Касијана“, издадена во четири изданија.

325588040 839195563844089 3301656688134572787 n

Додека не почнат да те познаваат по делото, а не по името тогаш си успеал како творец, автор или писател, како сакате“ – ни вели Добре Тодоровски, напоменувајќи дека со излегувањето на своето дело „Над Тагата“ тој конечно почнува да се чувствува како писател.

Разговаравме и за наградите и признанијата кои ги има добиено. Ни наброи повеќе, но ни посочи дека неговите дела кои се читани и барани се најголемата награда која еден писател може да ја добие.

За јазикот кој го користи во своите книги ни истакна: „Целта ми е да сум си себе препознатлив, да сум поразличен од другите писатели, како содржински, така и по стилот и по говорот на главните и споредни ликови во романескното дејство. Демирхисарскиот дијалект е еден од најзастапените во моето творештво, она кога се однесува на дијалозите на ликовите. Токму затоа оттаму, од неколку мои книги се црпени и повеќе информации за тритомниот фразеолошки речник на македонскиот јазик“.

Писателот Добре Тодоровски од 2000 г. е член на ДПМ, а од 2001 година е член и на МНД.

Моментално работи на својот нов роман „Топлица“, (дел од трилогијата со духовна тематика), кој се подготвува за издавање, а се однесува за еден прекрасен манастир, (Св.Никола Арбаношки – Топлички) за кој нашите верни читатели ќе почекаат уште малку за да ги откријат занимливостите во новото дело.

Но, неговите обврски не завршуваат тука, тој веќе седум години го води и Здружението за негување на културното и обичајно наследство „ОБИЧАЈНИ ЗАВЕШТЕНИЈА“. За Здружението тој ни кажа дека:

328491050 1517849485402333 1694547530405177078 n

„Здружението организира годишна книжевна манифестација во библиотеката „Ал-Би“ во Бабино и во домот на културата Слоештица. Целта е да се поттикнува творештвото и да се зачува и негува обичајното (традицијата) и културно наследство на нашиот народ. Записите од манифестацијата се печатат во списанието „Завештание“, со што се завештува коренитиот збор и творештвото на познати македонски писатели, особено творци кои се родум од овој крај“.

При крајот на муабетот,  го замоливме писателот Тодоровски да ни испрати порака до нашите читатели:

Повеќе да читаат македонски автори, затоа што тоа е еден од начините да се открие македонскиот идентитет, нашиот код и со самото тоа да се негува.

Од друга страна, особено младите читатели, преку читањето имаат можност да го збогатат нивниот фонд на зборови, кој би им користел за цел живот.

Секако дека писателите треба да третираат теми кои моментално, особено на психолошки план кои им се блиски на читателите, но и да им откриваат нов свет. Нашиот народ рекол: „Начитан човек е и умен човек“.

Секоја критика, небитно како е кажана е добре дојдена и мотивирачки делува за писателот. Книгата вреди само ако се чита“.

328536505 1148732332498487 413957335614751705 n

Сите книги на писателот Добре Тодоровски се дел од библиотечниот фонд на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и сите вљубеници во книжевноста  можат да ги зајмат.

Интервју со Стефан Јузмески, стујард во „Emirates airlines“ – следете ги вашите соништа бидејќи ќе ви се исполнат
Стефан Јузмески од Охрид своето кариерно искуство како стујард во една од …
20 млади од различна етничка припадност танцуваа, готвеа и учеа за другите култури – проект на ЕРЦ Соработка Битола
Во текот на месец март Здружението за поттикнување на економскиот и културен …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…