Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и во време на огромни подготовки за претстојното 43. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Битола” и 44 издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” брои нови награди.

Овој пат тоа е огромно признание за ликовниот талент на нивниот член Миленковски Андреј од 53. издание на светската детска изложба на ликовни уметности “ICEFA Lidice” 2О25 година во Чешка која е во ко-организација со Министерството за надворешни работи и Министерството за образование на Република Чешка.


„Конкурсот “ICEFA Lidice” ако се земе во предвид неговото опстојување нешто над половина век е посебен и по пристапот на ко-организаторите со што наградените ученици – учесници наградите ги примаат во своите земји од амбасадорот на Република Чешка на посебна церемонија која има посебен педагошки ефект кон перцепцијата колку наградениот талент на младиот ликовен уметник е вреднуван но и кое е нивото на почит со кое треба да се обраќаме кон него.

На конкурсот “ICEFA Lidice” пративме 25 цртежи од 2О ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кои работеа на зададената тема под наслов “Игра” и штотуку ги добивме резултатите.
На конкурсот за 53. издание пристигнале 12.723 цртежи од приватни и државни школи од 69 земја од кои по опсежната работа со дипломи наградени се 1.282 ликовни дела додека 1.343 уметници добија Пофалници, а само 175 се здобиле со медал за прикажан посебен ликовен пристап во творечкиот сегмент познат и како почесна награда “Розите на Лидице”.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола е посебно гордо што меѓу 175 наградени е и нашиот член Миленковски Андреј што е огромна реткост на овој настан. И тоа не прави посебно горди.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседател при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Наградите согласно организаторите и Министерството за надворешни работи како и амбасадата на Република Чешка во Македонија ќе се доделат по 31 мај 2О25 година, а главната манифестација насловена како “Rose of Lidice” ќе се одржи на 3О мај 2О25 година во Прага.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на конкурсот “ICEFA Lidice” учествува над 2О години од кои над 1О пати амбасадорите на Република Чешка биле гости во Битола кога им ги доделувале наградите на членовите од организацијата.








