Шукран Булган (Şükran Bulgan) е турска шминкерка и моден креатор, родена во Мардин со многу инспиративна приказна. Денеска таа е личен стилист на многу познати и признати турски актери, таа ја отвори душата и раскажа многу работи од нејзиниот живот и кариера. Преводот од турски на македонски го направи Елеонора Блажевска.
Читај бе: Најпрво раскажи ми за твоето детство, какво било, каде го помина, на што се сеќаваш?
Шукран: Родена сум како ќерка во едно убаво семејство во Мардин. За жал, го изгубив татко ми кога имав само шест години. На таа возраст почнав да ги чувствувам животните неправди и обврски на своите плеќи.
Мајка ми беше домаќинка, како дете бев многу импресионирана од нејзината сила, трпеливост и самопожртвуваност. Поголемиот дел од моето детство го поминав работејќи. Во тој момент го оставив играњето игри и се посветив на работата и моите заработки. Мојот работен живот почна од 12години, зад мене имам приказни полни со многу борби, успони и падови кои ме направија ова што сум денес.
Читај бе: Кога започна љубовта кон шминкањето и шиењето?
Шукран: И двете области или страсти всушност ги обликував уште кога бев мало дете. Внимателната организација на мајка ми, на се во куќата, нејзините мануелни вештини и естетскиот вкус ме инспирираа. Кога бев мала, дома сама шиев фистани за моите кукли со остатоци од ткаенина. Во исто време ме фасцинираше трансформирањето на лица со бои. Оттогаш убавината и транформацијата не ми претставуваат само работа, туку начин на живот.
Читај бе: Често на твојот инстаграм профил, објавуваш како ги шминкаш позатите турски актери. Дали во приватноста тие се многу комплицирани? Имаат ли некои посебни барања, некои правила?
Шукран: Да, некои глумци може да имаат детален список или рутини кои ги преферираат. На пример, некои сакаат да работат со одредени брендови, додека други даваат особено значење на негата на нивната кожа. Но, морам да признаам дека повеќето од нив се лесни и едноставни луѓе. Поради природата на работата ние сме тука да им помагаме да изгледаат поубаво. Да се трудиме да им обезбедиме удобно опкружување, со идеални услови додека ги исполнуваме тие барања.
Читај бе: Работеше со звучни имиња како Шевал Сем(Şevval Sem) и Биран Дамла (Biran Damla). Какви луѓе се тие приватно? Каков впечаток ти оставиле?
Шукран: И двете се многу различни карактери, но имаат нешто заедничко, а тоа е нивната професионалност и љубовта кон работата. Шевал Сам(Şevval Sem) со својата енергија буквално го менува светот, додека Биран Дамла(Biran Damla) е топла, весела и искрена личност. Работата со нив ми беше и инспиративна, и пријатна.
Читај бе: Каков е денот на снимање? Објасни ми ја улогата на шминкерот на еден сет, во Турција?
Шукран: Нашиот ден обично започнува многу рано наутро. Како шминкери ние не само што создаваме обична шминка заради естетика, туку правиме на глумецот да се чувствува добро. Ние сме тука да бидеме и смирувачи во бурни моменти и улога на поддршка во уморни моменти. Додека ја правиме шминката која му одговара на секој лик ние се бориме со времето, светлото, костими, камери и слично.
Читај бе: Може ли малку да ми кажеш за актерот Исмаил Хаџиоглу (Ismail Hacıoğlu), кој ако сме реални ја воодушеви Македонија и кој тука е многу популарен?
Шукран: Да, се разбира. Исмаил е неверојатно талентиран, и е актер кој длабоко се посветува на секоја улога без разлика на големината на истата.Беше задоволство да се работи со него и беше многу интересна неговата грижа за тоа како ќе ја изведе улогата. Тој е некој кој е постојано грижлив и љубезен, секогаш, па дури и во најстресните денови од снимањата. Работата со него ме научи на многу човечност и многу повеќе уметничко изразување.
Читај бе: Како би ја опишала шминката која се користи на снимање, која е разликата од таа шминка и од шминката која се користи за свадба?
Шукран: Разликата е голема. Шминката која ја користиме на снимање мора да биде многу совршена за да се доловат сите детали на камера. Исто така треба да биде совршено за да се вклопи кон светлото и кон расположението на ликот, на актерот. Свадбената шминка е повеќе уметничка, за човек да се чувствува магично, убаво и да блесне во неа. Шминката за снимање подразбира техника и е многу стратешка. Свадбената шминка е многу поуметничка која се прави со создавање емотивна и посебна врска.
Читај бе: Често споделуваш фотографии од твојот покоен татко, колку ти не достасува и што би му кажала да е тука, до тебе денес?
Шукран: Секогаш го носам и ќе го носам татко ми во моето срце. Секогаш кога велам посакувам нешто, тогаш посакувам да го видам уште еднаш. Посакувам да беше покрај мене барем уште еден ден. Ако би можела нешто да му кажам тоа би било „тато, гледај, го направив тоа што ти го ветив“. Сигурна сум дека неговите очи во тој момент ќе се исполнеа со солзи и ќе ми кажеше „ќерко моја“ како што секогаш ми велеше.
Читај бе: Имаш посебна убавина што не може да се надмине толку лесно. Дали некогаш ти била понудена улога за пред камера или барем во некоја реклама?
Шукран: Ти благодарам, ми биле понудени неколку улоги меѓутоа секогаш сум одбирала да останам позади камерата. Можеби повеќе уживам во трансформацијата на актерите отколку пред камера. Меѓутоа никогаш не велам никогаш, може да се случи да прифатам и нешто такво.
Читај бе: Со кој актер кој што работеше најмногу те импресионираше и може некоја ангедота?
Шукран: Дефинитивно тоа е Исмаил Хаџиоглу(Ismail Hacıoğlu). Тој е едно име кое најмногу влијаеше на мене. Имаше многу емотивни моменти пред сцените, многу интензивен и експресивен израз на лицето, со тоа уште повеќе влегуваше во ликот со само неколку допири од шминката игледаше поинаку. Во таквите моменти уште еднаш сфатив колку е длабока ументоста.
Читај бе: Којa е Шукран дома? Што прави, во што ужива и со што се опушта?
Шукран: Шукран дома е тивка, едноставна, но продуктивна жена. Сакам да слушам музика, да пијам кафе и да поминувам време со моите плочи. Понекогаш мирисот на плочите и на старите фотографи ми даваат нови дизајнерски идеи.Најмнгоу ме хранат мирните моменти кој ги поминувам со најблиските.
Читај бе: Дали турската филмска индустрија е толку голема? Дали толку се снимаат и се вложуваат пари во новите проекти? Се дава ли шанса на новите или на почетниците или се работи со стар, добропознат тим?
Шукран: Да, тоа го тврдам одговорно. Во Турција постојано се вложуваат пари во нови проекти, секој ден се снима нешто ново. Тоа стана како дел од традицијата. Сепак мислам дека треба да се дава шанса на младите и продуктивни лица како и на креативните филмови, серии или проекти. Турците обично работат со исти тимов. Сепак, во една ваква земја треба да има простор за повеќе различности.
Читај бе: Има ли актер со кој би сакала да работиш во иднина?
Шукран: Има, тоа е Тилда Свинтон, би сакала да работам со неа затоа што и се воодушевувам во секоја смисла на зборот. Начинот на кој што работи многу ме импресионира. Од Турција, тоа би била Есра Билгич (Esra Bilgic).
Читај бе: По што се разликуваат твоите креации од другите? Зошто треба да имаме дизајни на Шукран дома во плакар?
Шукран: Затоа што моите парчиња имаат приказна. Секое парче има чувство и меморија. Од изборот на ткаенина до шиење се е направено со труд и значење. Тоа прави да се чувствуваш како да носиш став, а не обична креација. Така ја чувствуваш твојата оригиналност и моќ.
Читај бе: Дали има смешни моменти од снимањето?
Шукран: Има една која е интерна и помеѓу нас. Кога брзав за снимање, се лизнав и паднав, па така го скршив и руменилото кое падна врз една од креациите. Сите ме прашуваа дали сум добро и дали е фустанот извалкан, а јас викав на цел глас „не, руменилото ми се искрши, шминката ми е уништена“. Сите пукнаа од смеење и им беше интерсно дека се грижев за шминката повеќе отколку за себе. После цел ден ме викаа „Самовилата на руменилото“.
Читај бе: Како проаѓа еден типичен ден на снимање?
Шукран: Па, почнува рано наутро, а првото нешто што го прави актерот е негата на кожата и шминката. Помеѓу сцените, кога имаме „пауза“ сеуште владее работничка атмосфера како што е туширање, повторно шминкања, костими, текст. Понекогаш работиме од 12 до 14 часа на ден. Но штом започнам со снимање, времето минува. Тоа место е како мој втор дом.
Читај бе: Што те мотивира кога се соочуваш со предизвици? Што те држи на нозе?
Шукран: Она што дефинитивно ме одржува е моето минато. Никогаш не ги зборувам работите што ги доживеав како дете, борбите што ги имав. Отсуството на татко ми во време кога беше најтешко. Зрелоста која ја доживеав многу рано и силното присуство на мајка ми која секогаш, во секој момент е покрај мене. Исто така, луѓето кои ми се доверуваарт мене и тоа дека сум достојна за таа доверба, ме мотивира уште повеќе.
Читај бе: Дали постои некој посебен спомен или момент од твоето детство што ја инспирирало твојата работа денес?
Шукран: Мојата детсвто е многу различно со текот на годините. Откако го изгубив татко ми животот ми префрло одговорност на многу рана возраст. Детството го поминав во Мардин, со многу традиционални и многу силни жени. Еден ден мајка ми, завитка парче ткаенина што го сошив и го стави на главата, а мене ми кажа да и го нашминкам лицето со боички.Кога се погледна во одгледало ми кажа дека е воодушевена, иако тоа беше детска перцепција за убаво. Тоа за мене беше многу повеќе од само „убаво“. Тоа за мене беше се на светов. Тоа беше начин да се изразам себеси. Во тој момент сфатив дека шминката и модата не се само надворешна убавина, тоа е карактер, емоција и раскажување. Тој ден почувствував дека треба да напредувам во ова пол.
Читај бе: Сон на секое девојче или момче кое гледало турски серии и филмови било еден ден на стане дел од некоја таква екипа. Што би им порачала на таквите деца, на младите кои се занимаваат со актерство?
Шукран: Постои начин да се постигне секој вистински сон само ако доволно веруваш во него и работиш на него. Многу е важна дисциплината, да бидат трпеливии и да инвестираат во себе. Не е лесно да бидеш дел од големите екипи на Турција, но ништо не е невозможно.
Дел од актерите кои денес работат таму, почнале од сон. Така да секој сон се исполнува ако работиш и веруваш во него. Сечиј пат ќе се отвори еден ден, ако се има вистинска желба. Поддршка за такви амбициозни луѓе.