На Националното првенство за средни училишта кое се одржа во Куманово, вчера атлетичарите од АК ОЛИМП остварија одлични резултати.
Христијан Котевски освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 400 метри – мажи, Јана Стефановска освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 800 метри – жени, Наталија Чона освои петто место во севкупен пласман, а прво место во својата група, во дисциплината 100 метри – жени, потоа Стефан Туловиќ освои шесто место во севкупен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри – мажи, Дони Петличковски освои осмо место во дисциплината 800 метри – мажи, Христијан Шаклевски освои дванаесетто место во севкупен пласман во дисциплината 1000 метри – мажи.
Натпреварот беше во организација на Федерација на училишни спортови, помогнат од Атлетска федерација на Македонија