Со обединување, едукација и промовирање на ракотворците од различна етничка припадност, проектот „Карван на ракотворството и различностите“ придонесе за зачувување на традицијата, културата и културното богатство на различните заедници во државата.
Проектот опфати низа активности насочени кон зајакнување на капацитетите на занаетчиите и уметниците ракотворци, преку обуки на различни теми, практични работилници, саеми и средби за размена на искуства. Дел од активностите беше и форумот што се одржа во Тетово, на тема „Емпиризмот на ракотворците во функција на промоција на различностите“.



Особен интерес предизвикаа обуките и работилниците во Кичево, реализирани во соработка со здружението „Надеж“, како и работилниците и саемот во Гостивар, одржани во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во соработка со здружението „Анисија“.
Завршните активности на проектот се реализираат во Битола, каде што беше организирана изложба на ракотворби, заедно со презентација и дистрибуција на публикацијата посветена на проектот.



Преку ваквиот пристап, активностите и воспоставеното меѓусебно вмрежување придонесоа за унапредување на културната соработка, толеранцијата и довербата меѓу различните заедници, зајакнување на социјалната кохезија и поголема видливост на културното богатство што го носат традициите и ракотворбите.


Проектот започна на 15 јуни 2026 година и се реализираше во период од пет месеци, а неговото завршување е предвидено во текот на овие денови.








