Минатата година ја воодушеви јавноста кога истрча 21 километар додека беше бремена, испраќајќи силна порака за женската издржливост, храброст и верба во себе. Денес, една година подоцна, Маја Атанасовска повторно е на патеката – овојпат како мајка на три деца и со уште поголема мотивација да продолжи напред.
Во Неготино, на ПроМили трката, Маја го истрча својот прв настап по породувањето на своето трето дете. Најголема поддршка ѝ беа токму нејзиното семејство и најмалиот член, едногодишното синче, кое денес е нејзината најсилна инспирација и причина плус никогаш да не се откаже.

Како основач на женската трка „Биди Своја“, Маја со години мотивира стотици жени да го направат првиот чекор кон себе – без страв, без изговори и без потреба да бидат совршени. Нејзината приказна стана симбол дека мајчинството не е крај на соништата, туку нова сила што те турка уште похрабро напред.

На 20 јуни ќе се одржи четвртото издание на женската трка „Биди Своја“, настан кој од година во година обединува жени од различни генерации, професии и животни приказни, но со иста цел – да си докажат себеси дека можат повеќе отколку што мислат. Дека секој чекор вреди.
Годинешното 4. издание носи уште посилна енергија, уште повеќе женски приказни и уште поголема мотивација. Секоја учесничка ќе трча со своја причина – за себе, за нов почеток, за победа над стравот или едноставно за чувство дека може повеќе отколку што мислела.

Од 21 километар со живот под срцето, до прва трка по породувањето – Маја Атанасовска повторно покажува дека жената може сè кога го прави од срце.
„Не се враќам истата.
Се враќам посилна.“
Пријавувањето за женската трка „Биди своја“ трае до 8 јуни. Пријави се ТУКА.








