На државното сениорско првенство кое се одржа на 4 април 2026 година во ОУ „Крсте Мисирков“ во Скопје, Карате клубот „Заншин до“ од Битола се закити со сребрен медал во дисциплината ката тим мажи.
Тимот настапи во состав: Александра Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски. Иако составен од јуниори, битолскиот тим достојно ја претстави Битола во сениорска конкуренција и уште еднаш покажа дека битолските каратисти се меѓу најдобрите.

Овој успех е само најава за успешна сезона. Веќе на 18 април 2026 година ќе се одржи државното првенство за деца, на кое КК „Заншин до“ – Битола ќе настапи со седум натпреварувачи и ќе се бори за пласман на Балканското првенство.

ЈП „Стрежево“: На 8 јуни започнува сезоната за наводнување
На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини. Во …
Шеесет години фестивалска традиција: Почнува јубилејното издание на „Војдан Чернодрински“
Шеесеттото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечерва свечено ќе …








