plamenka1

Народниот театар Битола со прва премиера во 2026 – претставата „Пламенка“, драматизација на романот од Петре Димовски, еден од најзначајните македонски автори и раскажувачи на битолската историја и човечките судбини.

„Како што ветивме, остануваме посветени на македонските автори и драматургијата. Минатата сезона ја отворивме со праизведба на „Жиголо“, а 2026 ја започнуваме со уште една праизведба – „Пламенка“ од Петре Димовски. Тоа покажува дека континуирано сме доследни на нашата визија“, рече директорот на НТБ Битола, Мавровски.

Режисерката Ристевска Петрушева ја опишува „Пламенка“ како силна и длабоко емоционална приказна за жената што преживува војни, ропства, загуби и самотија, но не дозволува да згасне. „Важно е да ги негуваме живите македонски автори, особено битолските“, истакна таа.

Драматизацијата ја изработи Билјана Крајчевска, која помина низ седум верзии за да се добие финалниот сценски текст. Проектот е поддржан од Министерството за култура и е копродукција меѓу Интимен театар, Народен театар Битола и Центар за култура Битола.

Важен сегмент во претставата има КУД „Илинден“, чии играорци и раководителката Љупка Стефановска ја создадоа кореографијата што ја оживува македонската традиција и нематеријалното наследство на народот.

Музиката е комплетно авторска, дело на композиторот Александар Талевски. Костимите ги изработи Андреј Папаз Ѓоргиевски, сценографијата е на Михаел Димитровски, а видеото на Владимир Переловски. Во тимот се и Николче Терзиевски (тон), Оливер Петровски (инспициент), Гордана Михајловска (суфлер) и Горан Петровски (светло). Фотографиите и графичкиот дизајн се дело на Сашо Илковски.

Глумецот Валентин Дамчевски ја опишува претставата како омаж за жената – мајка, борец и симбол на издржливоста. „Процесот беше силен и емотивен. Козата како симбол на мајката носи посебна уметничка тежина“, посочи тој.

Премиерата на „Пламенка“ на 19 февруари.

Прегласниот свет и тивкиот човек
Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината …
Пролетен марш на ОВР Крушево
СВР Битола – ОВР Крушево, денеска (04.06.2026) организираше пролетен марш на подрачјето …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…