ЈП „Стрежево“ успешно реализираше порибување на акумулацијата „Стрежево“, на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок – крап.

Активноста е спроведена согласно важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.

Рибата претставува најдиректен индикатор за квалитетот на водата, а со ваквите активности се придонесува кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.

ЈП „Стрежево“ и понатаму останува посветено на заштитата на животната средина и одговорното управување со природните ресурси.

Кога зборот ја губи тежината, човекот ја губи вредноста
Општествата не умираат кога ќе останат без богатство. Умираат кога ќе останат …
„Танец“ со хуманитарен концерт во Малта
Македонскиот фолклор е дел од она што сите Македонци го носат во …








