Вработените од Јавната установа Национален парк Пелистер интензивно работеа во текот на вчерашниот и денешниот ден на уредување на просторот во околината на Големо Езеро и планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“ на надморска височина од 2218 метри.

Материјалите и потребната опрема беа транспортирани со помош на службените возила на НП Пелистер, а целта на акцијата е подобрување на условите за престој и одмор на оваа локација, која е една од највредните природни убавини на паркот.

Големо Езеро и неговата околина се омилена дестинација за љубителите на планините, кои особено за време на летните горештини бараат прибежиште во свежината, тишината и мирот што ги нуди Пелистер.

Од НП Пелистер потсетуваат дека забраната за движење низ шумата сè уште е на сила, па сите посетители се должни да обезбедат дозвола за движење, која може да се извади на едно од следните места:
- Седиштето на ЈУНП Пелистер,
- Инфоцентарот,
- Онлајн преку Facebook или веб-страницата на паркот.
Воедно, од паркот испраќаат апел за совесно однесување во планина:
„Единствено место за одлагање на вашиот отпад на Пелистер е вашиот ранец.“
Секое несовесно или штетно однесување може и треба да се пријави на некој од следниве броеви:
📞 070/281-300
📞 071/235-972
📞 075/237-267
📞 072/312-215
Да ја зачуваме планината чиста и безбедна за сите!









