marjan t

Во издание на Македонското научно друштво – Битола, излезе од печат новото дело на проф. д-р Марјан Танушевски – „Битолски хорологион II“, продолжение на неговата посветена хроника за минатото и сегашноста на Битола.

Bitolski horologion II korica1

Книгата претставува уникатна мапа на битолскиот дух, раскажана преку живописни приказни, историски факти и туристички занимливости, што ја прави вредна за секој љубител на градот под Пелистер. Рецензентот д-р Љупчо Јаневски пишува:

„Авторот магично не враќа низ децениите и вековите во кои Битола имала свој автентичен шарм… Создава автентична мапа, туристички крвоток на градот кој треба да се прочита и прераскаже.“

Мозаикот од текстови, според м-р Валентин Соклевски, наликува на мозаиците од Хераклеја:

„Одлично избрани теми, временски избалансирани, повеќеслојни, преполни со универзални вредности… Танушевски ја стави Битола во центарот на временскиот виор, човекот во центарот на настаните.“

„Битолски хорологион II“ е повеќе од книга – таа е патување низ душата на градот, низ спомените и културните слоеви што нѐ повикуваат на ново читање, разбирање и доживување на Битола.

Рузмаринот – Мирисно богатство со лековити својства
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е повеќегодишна, зимзелена медитеранска билка позната по својот интензивен …
Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…