pesna dejan

Во чест на месецот на менталното здравје, битолскиот музичар Дејан Нашоку со голема искреност и емоција го најавува својот четврт студиски албум под наслов „Pain, Devour Me“ – дело што претставува силна уметничка изјава за тивката болка која многумина ја носат.

Меѓу песните на албумот, се издвојува „Flying To Sleep“, чиј текст Дејан го напишал уште во средношколските денови. Песната е посветена на сите што ја изгубиле битката со менталната болест, како и на оние кои и понатаму се борат – тивко, далеку од очите на јавноста.

„Оваа песна е за оние кои живеат со депресија, а никој не знае. За оние што виделе светлина на крајот од тунелот и успеале. Но и за оние што водат внатрешна војна, која никој не ја гледа“, вели Дејан.

Преку „Pain, Devour Me“, Дејан испраќа порака за освестување и емпатија – особено во време кога темата за менталното здравје сè уште често се игнорира или стигматизира.

„Прашајте ги вашите блиски како се. Не само формално. Слушајте ги. Помогнете каде што можете. Понекогаш и најмал гест може да направи огромна разлика“, додава тој.

Новото издание на Дејан Нашоку се очекува да биде длабоко лично патување низ болката, загубата и надежта, со музика што лекува, отвора дијалози и носи свест.

Битолски средношколци со иновативна идеја за дигитални плаќања – поддржете го КЕШМАТ и освојте награди!
Средношколци од Битола, Алек Сиваков, Сергеј Павловски, Лука Илијовски и Елена Ивановска …
Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…