gura11

Легендарниот актер, музичар и стенд-ап комичар Бранко Ѓуриќ – Ѓура утре, на 30 мај (петок), премиерно ќе настапи во Битола со својот стенд-ап спектакл „Ѓурологија“. Настанот ќе се одржи во Центарот за култура со почеток во 20 часот.

„Ѓурологија“ е без конкуренција најпосетениот стенд-ап настап на Балканот во последната деценија, а оваа година слави 10 години од првата изведба. По илјадници продадени билети, бројни аплаузи и гостувања низ регионот, битолчани конечно ќе имаат можност да уживаат во уникатниот хумор и шарм на Ѓура, добро познат по своите улоги во „Топ листа на надреалисти“, „Аудиториум“, како и по музичката кариера со групата „Забрањено пушење“.

Влезниците се веќе во продажба, по цена од 750 денари, и можат да се набават онлајн преку karti.com.mk, на билетарницата на Центарот за култура во Битола и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Настанот се очекува да предизвика голем интерес, па организаторите препорачуваат навремено обезбедување билети.

gura
Меѓу камен, фрески и векови: приказна за Водочки и Вељушки манастир
Водочки манастир – Манастир на тишината и древните фрески Водочкиот манастир, посветен …
Тест на личноста – она што прво го забележавте е причината поради која луѓето околу вас ве сметаат за чудни
Колку и да се грижите за своето однесување и какво ниво на …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…