taksi

Греми-номинираниот, глобално популарен холандско-турски бенд „Алтин Гун“ (Altın Gün) ќе одржи концерт во скопскиот Младински Културен Центар во сабота, 31 мај 2025 година, а публиката може да очекува вртоглаво музичко патување и фантастично шоу на премиерното гостување на овој бенд во Македонија, организирано од „Пасворд Продакшн“ и Фестивалот „Таксират“.

Психоделичните рок верзии на традиционални турски народни песни обвиени во танцови поп аранжмани, како и извонредните изведби во живо, го прават „Алтин Гун“ еден од најоригиналните бендови на светската сцена.

Со петте албуми објавени досега, станаа светска атракција и покренаа револуција во музиката на светот. Дека нивниот постмодернизам успешно произлегува од психоделичниот осврт на традиционалната турска музика и дека револуцијата планетарно одекна, докажa и номинацијата за „Греми“ наградата за најдобар албум во 2019 година за нивното издание „Гече“ (Gece).

Колку е голем „Алтин Гун“ на светската сцена, сведочат редовно распродадените турнеи во Северна Америка, Европа и Велика Британија. Групата ги воодушеви љубителите на различни жанрови и беше хедлајнер и на најголемите музички фестивали, како што се американскиот „Коачела“, холандскиот „Лоулендс“, шпанскиот „Примавера Саунд“, јапонскиот „Фуџи Рок“, српскиот „Егзит“, исландскиот „Исланд Ервејвс“ и многу други.

Како нетипични претставници на анадолскиот рок тие ги оживуваат духовите на минатото преку современа продукција, која води до катарза. Нивната храбра фузија ја претставува музиката на иднината, онаа што не познава рамки, граници или универзуми. Тие ја слават слободата на изразувањето на сите пет албуми: „On“, „Gece“, „Yol“, „Yalem“, „Aşk“, но пред сѐ на настапите во живо, бидејќи најчестиот коментар за нив е: екстаза. Алтин Ѓун во превод значи „златен ден“, а за нивните македонски фанови таков е овој 31 мај, кога групата ќе го одржи својот премиерен концерт во Македонија.

Влезниците за концертот се пред распродавање и се достапни во претпродажба по цена од 1500 денари, на благајните на МкТикетс и онлајн на овој линк: https://mktickets.mk/event/altin-gun/ . Оваа цена ќе важи најдоцна до 19:00 часот во сабота, а потоа влезниците ќе чинат 1700 денари. Во сабота во МКЦ, влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:00 часот, почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот.

Меѓу камен, фрески и векови: приказна за Водочки и Вељушки манастир
Водочки манастир – Манастир на тишината и древните фрески Водочкиот манастир, посветен …
Тест на личноста – она што прво го забележавте е причината поради која луѓето околу вас ве сметаат за чудни
Колку и да се грижите за своето однесување и какво ниво на …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…