Во организација на КК Младост – Битола, започна 13. издание на Меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2025“.
Во текот на овој и наредниот викенд, Битола ќе биде спортски центар во регионот, со над 650 учесници од повеќе од 30 екипи од Македонија, Србија, Албанија, Грција и Хрватска.
Ќе се натпреваруваат генерации од 2011/12, 2012/13, 2014, 2015, 2016 година, како и ветерани над 40 години.
Турнирот е поделен во два дела:
- Младински турнир: 3–4 мај
- Турнир за ветерани 40+: 10–11 мај
Претседателот на Организацискиот одбор, Горјан Стојановски, истакна дека со годинашниот турнир, Битола се позиционира како важен кошаркарски центар на Балканот за младинска кошарка.










































5 причини да јадете смокви: Богати со влакна и антиоксиданси
Смоквите се плод на дрвото фикус, кое е дел од семејството на …
Учење од тешките ситуации и надеж кон иднината – четири карактеристики на отпорните (стабилни) личности
Отпорна (стабилна) личност значи повеќе отколку да се има силна личност. Вистинската …








