Од октомври 2022 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ започна со имплементација на нов солидарен проект „Заедно посилни“ во рамките на програмата Европски солидарен корпус, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

317068354 585344356927746 8026360854394833458 n

Општата цел на овај проект е да придонесе кон националните напори насочени кон социјална инклузија на постарите и младите Роми со заземање проактивен став и поддршка на развојот на социјално зајакнување и хуманитарни мерки. Други цели се: – да се даде придонес во секојдневниот живот на старите Роми; – да се создаде средина за подобрување на здравствените и општествените услови на старите лица за да имаат пристап до постоечки медицински и социјални услуги; – да се промовираат активности за меѓугенерациски дијалог преку промоција и работа на младинскиот волонтерски сервис во рамките на проектот; – да се даде придонесе во општественото препознавање и вклучување на постарите Роми преку споделување информации и кампањи.

Во месец октомври се одржа воведен состанок за планирањето на активностите, како и теренска посета за промоција на проектот и мапирање на стари лица од ромската заедница кои ќе бидат наши корисници. Следниот месец започнаа активностите и беше спроведена работилница со старите лица каде што заедно со докторката Ангелина Велјановска и сестрата Весна Стоименова од Здравствениот дом од Битола им се мереше крвен притисок. Исто така, имавме посета од делегација на Националната агенција за европски програми и мобилност, предводена од директорот м-р Марко Ѓорѓиевски. За време на посетата ги преставивме активностите од проектот заедно со важноста на овие проекти и можностите што ги нуди Европскиот солидарен копрус за ромската заедница. На средбата беа присутни и корисници на нашите услуги од ромската заедница во Битола кои имаа можност да укажат на потребата од активностите кои ги нудиме со помош на проектот, како и да ја искажат својата благодарност.

Со проектот се предвидува да се постигне следново: 1. Воспоставен социјален центар во просториите на „Сумнал“ за стари Роми кој ќе го подобри нивниот социјален живот и социјалните интеракции; 2. Спроведени 3 социјални настани насочени кон Ромите и неромската поширока јавност; 3. Обезбедени правни и социјални услуги и совети на корисниците на проектот; 4. Обезбедени основни медицински консултации и споделување информации до корисниците; 5. Зголемено општествено признание на постарите Роми.

Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
Не споредувајте се со никого, секој си има свој единствен животен пат
Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…