Младата поетеса Марија Бакиевска неодамна ја промовираше својата прва книга поезија „Пушти ги нека зборуваат“ во Офицерскиот дом Битола. Поразговаравме со оваа 24-годишна битолчанка, која моментално живее и работи во Загреб, за нејзината инспирација, за животот во Загреб, но и кога да ја очекуваме нејзината нова книга.

316743991 458157176487719 7403724934036388136 n

Марија исто така подари дел од своите книги во битолската библиотека, со што нејзината збирка поезија ќе биде достапна за сите читатели.

Читај бе: Марија, неодамна во Офицерски дом Битола ја промовираше својата прва збирка поезија „Пушти ги нека зборуваат“. Кажи ни нешто повеќе за оваа книга, што содржи и во кој временски период е напишана?

Марија: Во книгата како главна тема го опфаќам озборувањето или таканаречено – оковот на нашата уникатност! Зборувам на пет теми, првата тема го носи самиот наслов, втората тема е СЕБЕРЕФЛЕКСИЈА која ја сметам како еден важен темел за она што ќе го градиме врз нашето јас сум јас, третата тема е ТИ СИ ТИ која и тоа како е важен двигател за пуштањето на она што другите го зборуваат за нас, четвртата тема е ЉУБОВТА КОН СЕБЕ, без таа љубов тешко е да влеземе низ вратата од убавината на животот, петтата тема е ЧУВАЈ СИ ГО СРЦЕТО, да убав мој човеку да го чуваме слухот и говорот кои доаѓаат на престолот на нашето срце!

Читај бе: Која е повратната реакција на оние кои веќе ја прочитале книгата? Колку од нив се пронашле, биле инспирирани од твоите стихови?

Марија: Повратната реакција на оние кои ја прочитале е полн куфер емоции, импресија и восхит од сопствениот поглед на нивното јас! Досегашните коментари ми укажуваат на еден нов бран на потик и соочување на читателот! До сега секој еден се пронашол во редовите на книгата. Ја гледам радоста, а истовремено отварањето на таа скриена болка во нивните очи и во нивните ракописи!

315371617 3022772771349025 6360719944862524313 n

Читај бе: Да се навратиме малку наназад…од кога се појави твојата љубов кон пишаниот збор?

Марија: Љубовта кон пишаниот збор се појави во средношколските денови, едноставно се заљубив во силата на зборот!

316883367 2454839618007305 4184898604293754196 n

Читај бе: Која е твојата инспирација за мислите да се прелеат на парчето хартија…колку инспирацијата ја наоѓаш во секојдневието?

Марија: Најголемата инспирација ми доаѓа од љубовта за човекот, едноставно ме инспирира уникатноста на секое битие и потребата да секој од нас го слушне гласот на длабочината! Можам да кажам дека скоро секојдневно наоѓам инспирација да напишам нешто, но има и такви денови па дури и месеци каде што пишувањето си го зема својот годишен одмор!

316926910 667926198169883 4007791939666892365 n

Читај бе: Марија, ти живееш во Загреб…кажи ни нешто за твојот живот таму?

Марија: Загреб е еден од моите омилени градови, едноставно во него ја доживуваам таа атмосфера каде духот и визијата го наоѓаат својот дом во пишаниот збор! Живеам еден инстант живот, но сепак наоѓам време за одмор во утринското кафе, рестартирање во добар тренинг и вистинско уживање во времето поминато со пријателите!

316741306 1877903455935200 5885530770678746409 n

Читај бе: Колку често доаѓаш во Битола? Колку родниот град те инспирира?

Марија: Најчесто доаѓам на 2-3 пати годишно во Битола! Мојот роден град е местото за мојата визија! Колку повеќе запознав нови луѓе толку повеќе доаѓа инспирацијата!

Читај бе: Колку за еден писател е битна околината во која живее за да твори? Како Загреб, а како Битола влијае на тебе кога се работи за пишувањето….

Марија: Сметам дека е многу важна околината за еден писател, затоа што сатите кои ги минуваме на одредено место се всушност идниот резултат од сопственото потрошено време! Загреб на мене влијае толку поттикнувачки и реализирачки! Битола исто така си има едно уникатно влијание на мене со тоа што таа ме облекува со плодот од поезијата!

316602122 395942952677092 5776581824037713460 n

Читај бе: Може ли да очекуваме и прозно дело или пак посилна е љубовта кон поезијата?

Марија: Дефинитивно е посилна поезијата, ама секако може да се очекува некое дело на проза!

315117948 448160154064847 2621311308710111823 n

Читај бе: Марија, верувам дека твоето творење и пишување продолжува…кога да ја очекуваме следната книга?

Марија: Следната книга можете да ја очекувате во наредната година во есенскиот период! Она што сакам да им го пренесам на моите читатели! Дека е време за нова страна во нашите животи, и тоа нова страна пишувана од нас, а не од другите, доста одложуваме, доста потиснуваме, доста самите себе се лажеме, време е да ги пуштиме што другите зборуваат за нас, време е да се слушниме што ние самите си зборуваме на нас! Ве љубам, Марија!

Библиотеката се грижи и за повозрасните читатели – донација за патрониот празник
По повод Патрониот празник во холот на Библиотеката од денеска е поставена …
Рутини кои би можеле да ви помогнат при несоница
Несоницата понекогаш трае ноќ или две, но во други случаи тоа е …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…