библиотека

Меѓу битолчани позната како Градската библиотека –  НУУБ „Св. Климент Охридски“ денес го одбележа својот 78 роденден, формирана е далечната 1945 година и претставува култна институција за развојот на книжевната и библиотечна дејност, ако се земе предвид податокот дека  располага со огромен библиоте чен фонд, музејска поставка,  роднкрајно одделение и секако вообичаените  библиотечни оддели кои се основен избор на богати информации.

viber image 2023 03 24 13 43 02 112 1 e1679669013290
viber image 2023 03 24 13 43 04 067

Наградите за роднокрајни писатели им беа доделени на:

  • за животно дело на култниот битолски раскажувач  Владимир Костов (1932 -2023);
  • за поезија на Даниела Андоновска Трајковска;
  • за проза на Христо Петрески;

Во комисијата за наградите беа:

  • м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“
  • м-р Сања Мучкајева-Видановска – член, прозaист
  • Светлана Папачек- член, поетеса

Традиционално, секоја година библиотеката им доделува книги на најверните читатели и тоа во повеќе категории, тековната година најмногу книги од Градската библиотека прочитаа:

  • Најмлад читател (предучилишна возраст): Димитар Алачкоски;
  • Основно училиште: Костадин Христов;
  • Средно образование:  Ангела Брбевска
  • Возарсни: Анастасија Шалевска
  • Пензионери : Розитка Шалевска
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…