Metal Discharge е фестивал за промовирање на авторска метал музика и сите нејзини поджанрови.

Започнат во 2011-та година, после 10 години пауза, ланската 2022-ра година се одржа третото издание кое беше најпосетеното во досегашното постоење. Повеќе од 600 посетители од сите градови на Р. Македонија заедно собрани уживаа во настапите на одличните бендови претставени на голема бина.

-За нецели два месеци, оваа година ќе биде нашето четврто издание. За прв пат оваа година успеваме да потврдиме настап на едно од најзначајните имиња на балканската сцена од овој стил на музика – Violent Chapter од Белград – Србија. Датумот е 10-ти јуни, велат организаторите.

337537691 997982551184730 2727573978766474859 n
meblo trejd cesmi

„Ќе имаме можност да проследиме 6 афирмирани бендови, секој од нив уникатен на свој начин. Работиме на издигнување на сцената, поттикнување на музичарите и бендовите да творат авторска музика и гледаме на секој можен начин да им излеземе во пресрет. Спремајте се за шестчасовен Метал Маратон на 10ти јуни во Битола“, велат од Metal Discharge.

Настапуваат: Violent Chapter, Demency, Shock Troopers, Mamut, Conspiracy, Lucent.

Локацијата традиционално е Ракометното Игралиште во Битола, со почеток во 18:00ч.

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…