Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троа – Франција информираа дека на учениците при Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на годинешното 32. издание на светскиот детски ликовен конкурс кој овој пат ја носеше темата „Уметноста – порака за мир” доделени им се 26 индивидуални благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 26 ученици од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.
Воедно Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и по 32 пат повторно е единствен претставник за Македонија на овој значаен настан на УНЕСКО.
УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 32 година, a ДЛС учествува исто толку години при што на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 83 земји во светот или за 5 повеќе од 2О24 година кои генерираа фонд од околу 5.000 дела откако ги поминаа ригорозните квалификации од кои 8OО ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.
Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 2O-ти март 2О25 година по селекцијата која траеше од 5 – 25 февруари 2О25 година а ова се учениците кои во име на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ја претставија Македонија и се здобија со престижните награди и признанија:
Луна Петковски, Нина Пешевски, Михаела Стефановска, Анабела Јовчевска и Давид Атанасовски во категоријата ученици од 6 до 9 годишна возраст.
Ана Марија Спировска, Томислав Атанасовски, Андреј Миленковски, Елиф Сулиманоска, Стефанија Јошевска, Мила З. Спиркоска, Јана Талеска, Сара Сотировска, Матеј Јаневски и Фросина Полизовска во категоријата ученици од 1О до 13 годишна возраст.
Бојана Стефановска, Маргарита Велјановска, Сирма Спиркоска, Миа Мицевска, Леа Стерјев, Јована Василевска, Ана Полизовска, Ангела Бошевска, Ивана Влкановска, Стефанија Димитријовска и Андреа Ресановиќ во категоријата ученици од 14 до 17 годишна возраст.
Сите ученици се меѓу топ 1ОО во својата категорија.
Посебна покана има Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјалната церемонија за доделување на наградите како и учество во работниот дел на изложбата низ работилници и семинари како и состаноци на УНЕСКО во периодот од 31 мај до 4 јуни 2О25 година во Espace Argence во Троа – Франција.
„Ова е нов рекорд. Ова е повторно остварување на сонот на нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски. 26 награди и признанија за Македонија – 26 награди и признанија за Битола и за нашето студио е огромен успех по основ на скоро сите категории кои ги има УНЕСКО во нивните правила и прописи [ не се учествуваше само во категоријата на ученици од 18 до 25 годишна возраст затоа што во ДЛС членуваат ученици од 4 до 18 годишна возраст ].
И секако радост е дека веста доаѓа во моменти кога активно работиме на 43 издание на светската детска изложба по конкурс „Битола” и 44 издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр”.
Оваа година ДЛС нема да патува во Троа поради немање финансии.
Честитки од име на ДЛС кон сите ученици и огромна благодарност кон нивните родители кои ни ја дале довербата за грижа на ликовниот талент на нивните деца а наши ученици. Мисијата на Коста е жива.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.