Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со одобрение од претседателот на Социо-културна комисија при Меѓународната полициска асоцијација, Полихронис Канимас оваа година учествуваше на детскиот ликовен конкурс кој оваа организација го организира за млади ликовни таленти на свои членови.
Со посебна благодарност од страна на претседателот на ИПА господинот Мартин Хофман – Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше на 4-тиот детски ликовен конкурс на кој како предлог теми беа: полициски возила – пријателство и животни со свои ликовни творби на базичната тема “полициски возила” учествуваа 22 ученици со 24 цртежи.
„Меѓународната полициска асоцијација е организација за пријателство за припадниците на полициските сили без разлика дали се вработени или пензионирани и без разлика по ранг, позиција, пол, раса, јазик или религија. Имаaат над половина милион членови во речиси 100 земји, од кои 65 се поврзани национални секции, а се претставени на 6 континенти.
Предизвикот со тоа стана интересен, а особено ако се знае и фактот дека ИПА е посветена на принципите утврдени во Универзалната декларација за човекови права усвоена од Обединетите нации во 1948 година и е во консултативен [ посебен ] статус со Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а исто така е во консултативен статус и во УНЕСКО.
Побаравме дозвола за учество и за брзо време ни беше одговорено позитивно. И резултатот е 22 признанија – награди за 24 цртежи на наши млади ликовни таленти – членови на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка ДЛС.
Учеството на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на ваков посебен детски ликовен конкурс се совпадна и со 67 светски конкгрес на ИПА кој ќе се одржи во нашата земја во Охрид во периодот од 17 – 22 септември 2О24 година кога сите детски ликовни творби кои ги регулира Социо-културна комисија на ИПА ќе бидат изложени.
„Конкурсот на Социо-културна комисија при ИПА е прилично уникатно искуство и за нашето студио и за нашите ученици. Веќе најавивме и идни соработки на полето на културата низ соодветната комисија на оваа организација.
Наградени се следните ученици: Анастасија Димитријовска – Анабела Јовчевка – Ана Марија Спировска – Андреј Миленковски – Бенџамин Рамиќ – Давид Атанасовски – Елиф Сулиманоска – Илија Лимо – Фросина Полизовска – Ема Карангелевска – Ива Атанасова – Јана Мојсовска – Јана Талеска – Јована Василевска – Кирил и Кристијан Николовски – Матеј Јаневски – Мухамед Сулиманоски – Ромина Ресановиќ – Сара Сотировска – Стефани Ѓукиќ и Томислав Атанасовски.
Ние со оваа нова соработка со секторот на ИПА сме задоволни.
Воедно Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на 14 и 15 септември ги заврши уписите на старо – нови членови за школската 2О24 / 2О25 година. Согласно можностите со нула денари поддршка за активноста која ја реализираме веќе 57 години запишани се 55 ученици наши членови чии имиња последните три години често се во наградените ликовни таленти на над 4О светски детски ликовни конкурси на кои во текот на една школска година учествуваме.” – изјави Славчо Неделковски од ДЛС.