Srbija

Меѓународниот собир на децата на Европа како Манифестација е основан од Градската управа на Град Белград додека реализатор е Детскиот културен центар на Белград a главен покровител е Министерството за култура и информирање на Република Србија.

за насловна О2

Настанот “Радост на Европа” воедно е еден од ретките кој е носител на ознаката за квалитет ЕФФЕ на Балканот а доделена од Европската комисија. Се организира 56 години а 26 и како интернационален светски детски ликовен конкурс.

О2 Белград

На адреса на Детскиот културен центар Белград годинава пристигнаa над 2.5OO дела од градовите низ цела Србија како и од Австрија – Бугарија – Белорусија – Босна и Херцеговина – Црна Гора – Кина – Чешка – Франција – Грција – Хрватска – Индија – Латвија – Литванија – Германија – Полска – Романија – Македонија – Русија – Сингапур – Словенија – Словачка – Турција – Белгија – Грузија – Камерун – Унгарија – Намибија – Свазиленд – Шри Ланка и Тајван.

О7 Белград

“Ние на овој светски детски ликовен конкурс како Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваме 56 години т.е. и кога бевме во заедница низ федерацијата Југославија а и потоа кога стана меѓународен а ние независни.

Учествуваме секоја година како ова е конкурс со ЕFFЕ квалитет кој го доделува Европската Комисија како ознака т.е. eтикетата EFFE која е европски печат за квалитет за извонредните уметнички фестивали кои го покажуваат нивниот ангажман во областа на уметноста, вклученоста на заедницата и меѓународната отвореност. Денес, повеќе од 1.55О фестивали од разни варијации на уметноста низ Европа ја добиле етикетата EFFE.

Редовно сме добивале поради огромната конкуренција и комплексноста на жири комисијата која бара сериозен квалитет по една награда но оваа година имаме 2 и посебно сме горди што прво традицијата во соработката со конкурсот “Радост на Европа” продолжува но и дека по 57 години постоење ние имаме и подобрен квалитет.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

О3 Белград

“Фестивалот во Белград е од особено значење затоа што речиси е врсник со нашето студио. Оваа година на 26-тото издание т.е. 56-тото имаме две големи награди.

Стручното жири во состав д-р Невена Поповиќ, професор на Факултетот за уметности Звечан – Косовска Митровица, Универзитет во Приштина; Љубица Танкосиќ, ликовен педагог и уредник на ликовната програма на НС ДКЦ; Марко Шерер, применет уметник и ликовен педагог ги разгледа сите дела пристигнати на конкурсот на XXVI меѓународен уметнички фестивал “Радост на Европа 2O24” и додели дипломите и наградите во пет возрасни категории.

О5 Белград

Нашата ученичка при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола Луна Петковски [ 6 ] во категоријата од 4 до 6 годишна возраст го освои бронзениот медал – трето место додека ученичката Стефанија Димитријовска [ 14 ] во категоријата од 13 до 15 години се здоби со посебна Пофалница – Награда за индивидуален уметнички пристап во ликовното творештво.

Ова за нас и за нашите ученици е оценето како огромен успех.” – истакна Славчо Неделковски од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

О8 Белград
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…